Published: Monday, March 9, 2015 10:18
Државната изборна комисија седницата на која ќе заземе официјален став по објавувањето на „бомбите“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за изборните процеси ја презакажа за во среда.
Актуелниот претседател на ДИК, Никола Рилковски во изјава за „Слободен печат“, вели дека нема да ги игнорира информациите што ги објавува опозицијата, а се однесуваат на изборните нерегуларности, но став и како гласач и како претседател на ДИК ќе заземе по утрешната најавена прес конференција на која лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави дека ќе ги соопшти најскандалозните информации што ги имаат на тема избори.
За да се утврди дали во целост бил нарушен изборниот процес, според членовите на ДИК, треба да се направи поширока анализа.




