Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Официјални мизогини политики

0
By Zoran Ivanov on December 2, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 2, 2024 09:09

Има ли некоја жена, еве трад жена ( tradwife) во редовите на ДПМНЕ да ја предизвика оваа сурова дехуманизирана деноминација на жената како човек, или на секоја една мајка, сопруга, сестра, ќерка или баба ?! Тврдам дека оваа позиција, заедно со сите пропратни атаци врз жените со јавен ангажман се само едно очајно покритие на сопствената слабост. Поточно, е несвесна самопрецепција за личната немоќ, и компензација за таквата немоќ преку психо-проекција со омаловажување на “послабиот”.

Ана Чупеска

Со голема доза на разочарување, ги проследив последните изјави упатени кон женскиот свет, на највисокиот, наjпрвиот меѓу еднаквите лидер; Премиерот  Христијан Мицкоски -воедно сопруг, брат и татко.

Во налетот рафални упатствата кон правосудните органи, поконкретно кон обвинителството, освен што ја компромитираше уставно гарантираната поделба на власта; на стравичен начин упати и сериозни навреди посебно кон обвинителките, знаете оние од женски пол; кои ги обвини дека “имале добиено”; имплицирајќи со тоа дека “добиеното” е нивно алиби за непостапување.

Значи, “имале добиено”?!

Премиере, зарем ова е Ваш став?!

Не знам дали трад жените, во редовите на ВМРО имаат минимум лично достоинство и дали се сложуваат со ваквите експлицитно мизогини пораки?! Но сигурна сум, и доказливо е дека дури и од перспектива на идеолошки конзервативна позиција вакви искази се неприфатливи.

Што би рекла сестринската народна партија EPP, или една Ангела Меркел, за едни вакви изјави?!

Има ли некоја жена, еве трад жена ( tradwife) во редовите на ДПМНЕ да ја предизвика оваа сурова дехуманизирана деноминација на жената како човек, или на секоја една мајка, сопруга, сестра, ќерка или баба ?!

Тврдам дека оваа позиција, заедно со сите пропратни атаци врз жените со јавен ангажман се само едно очајно покритие на сопствената слабост. Поточно, е несвесна самопрецепција за личната немоќ, и компензација за таквата немоќ преку психо-проекција со омаловажување на “послабиот”.

Немилосрдноста во атаците врз “јавно” ангажираните жени, овде, е на ниво од камено доба. Нормализирана е омразата кон нив. И ова постаната посакувана норма и се етаблира во обичај на прифатливо однесување. Ова го прокнижувам дури и на конто на медиумите, кои преќутно ги прифааќаат овие обрасци.

Резилењето на јавно ангажираните жени, не за нивните ставови, туку за нивниот изглед, стас, приватен живот, лични афилијации (Славјанка напр.) овде оди многу подалеку од стандардниот патријархални систем на општествена организација во кој мажите имаат доминантна улога и надмоќ во однос на жените и не само што дискриминира, туку брутално ја нормализира и поважно го официјализира јавно презирот кон жените.Од тоа создава јавна политика. Јавно ги сатанизира, ги повештерчува, ги мрази, се со цел СОЦИЈАЛНО ДА ГИ ИЗОЛИРА.

Во таа смисла, жените на ВМРО, се проста декорација, и овозможувачи на овие насилни образци.

Жално е кога ги гледаме како истапуваат на пресови во кои се бунат против “псовки”, кога реално се згазени како лебарки.

Ова што го укажувам, не е одбрана на жените од позиција на логиката типична за woke култура, туку, одбрана од нападот врз голиот живот на жените, и нивно тенденциозно пикање во пештера, кај “што им е место”; Таму ние жените би требало да чекаме и да ги глодаме коските што мажјакот ќе и ги даде како оброк. Засекогаш зависни и подредени.

Во ДПМНЕ, заборавиле дека најјакиот светски лидер од десното семејство беше жена – Ангела Меркел.

Заборавиле и тоа дека во партизанските, асномските и антифашистичките референци на кои се повикуваат денес, жените не биле третирани вака назадно како сега.

Сите жени Премиере, и Меркел и Ле Пен, и Мелони, и нашата Претседателка, веројатно во текот на животот “имале добиено”. Да не зборам за фактот дека благодарение токму на тоа “ добиено”; lat. Menarha ( менструација) можен е животот и репродукцијата на врстата.

Без добиено нема живот Премиере.

Сигурна сум дека ова го знаете.

А штом вие сте за раст на демографијата, и за повеќедетни семејства и тврдите дека формирање на семејство е #патриотски чин; од таа позиција, не е баш јасно што точно Ви значи потсмевањето со оваа најприродна појава кај жените?

Знате ли дека во светот постои и нешто што се вика менструална правда ?!

Нели вие сте за еднакво и праведно општество. Сте заборавиле дека едно такво, секогаш подразбира и борба против дискриминацијата на жените во сите аспекти на животот, вклучувајќи образование, работа, политика и религија. Исто така, вклучува и промовирање на еднакви можности за сите, без оглед на пол.

Конечно, нема начин ова да се оправда или рационализира;

Потсмевот, уште помалку.

А госпоѓица Митева, така млада и така убава, ми се чини дека е голема жртва што мораше да изголта тон самоубиствени кнедли на Ваша сметка (Уби је туѓа срамота).

Текстот е сопственост на Либертас.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.