Published: Friday, May 15, 2015 12:31
Офталмологот Дејан Ставриќ повторно осуден на казна затвор во траење од една година.
Кривичниот суд на повтореното судење го прогласи за виновен за стореното кривично дело примање поткуп за посредување за добивање на пензија.
Основниот суд во Скопје по вторпат донесе идентична пресуда, откако Апелациониот суд ја укина првата пресуда и го врати процесот на повторно судење.
Ставриќ ќе остане на слобода додека пресудата не стане правосилна. Додека траеше судењето тврдеше дека не е виновен за обвиненијата со кои се товари.




