Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Огледалото на Македонија

0
By Zoran Ivanov on July 11, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 11, 2026 19:47

Диоген полека го стави капчето и го изгаси фенерот. „Го најде ли тоа што го бараше?“, праша Волтер. „Не.“ „Тогаш зошто го гасиш?“ „Затоа што сфатив дека проблемот не е во темнината.“ „Во што е?“ „Во луѓето што одамна се навикнале да живеат без светлина.“ И можеби токму тоа беше најважната порака што ја остави финскиот претседател, без воопшто да ја изговори. Моќта не е секогаш во големината.

Бените Белешкова

Во едно скопско кафуле седат двајца писатели. Едниот, поради својата неподнослива искреност, одамна го добил прекарот „Диоген“.Другиот, кој верува дека иронијата е најучтивиот начин да ѝ се каже вистината на власта, сите го викаат „Волтер“.

На телевизорот случајно се емитува говорот на финскиот претседател Александер Стубб пред Обединетите нации. Двајцата го насочија вниманието кон екранот. Диоген молчи.Неговата ќелава глава, намачкана со Нивеа, светеше како фенер. Тоа е лош знак.Волтер го погледна и низ насмевка праша: „Пријателе, што бараш со тој фенер сред бел ден?“ „Барам држава што навистина верува дека вредностите се поважни од интересите и дека најважно е она што човекот го носи во својата глава, а не на своето тело.“

Волтер воздивна. „Не барај на Балканот. Ќе ти се испразни фенерот.“ Настапи тишина. “Тоа во Македонија е ретка појава. Кај нас обично некој објаснува дека светот е против нас, дека историјата е виновна, дека Европа нè мрази или дека сè ќе се среди по следните избори.” Но и двајцата забележаа дека Финецот не зборува така. Говорот му беше мирен, јасен и остроумен. Не ветуваше историска правда.

Не нудеше митологија како решение за конфликтите. А најмалку продаваше национален адреналин. Само спокојно рече дека надворешната политика почива врз три столба: “вредности, интереси и моќ”. „Ете го нашиот проблем“, рече Диоген. „Ние никогаш не успеавме да одлучиме кој од тие три столба ни недостасува, па затоа решивме да немаме ниту еден стабилен.“ Волтер кимна со главата и отпи голтка кафе.Па се досети и рече: „Не, не… ние имаме четврти столб.“

„Кој?“ „Навреденоста.“

“Во Македонија навреденоста одамна стана геополитичка категорија. Па сети се до вчера што се не прочитавме дека секој нè навредува. Историјата нè навредува. Географијата нè навредува. Соседите нè навредуваат. Брисел нè навредува. Вашингтон понекогаш ќе заборави да нè навреди, па и тоа дополнително нè навредува. Стуб зборува дека малите држави, меѓу кои е и Финска, стекнуваат влијание преку дипломатија. Кај нас дипломатијата понекогаш изгледа како дисциплина во која победува оној што партиски ќе обезбеди дипломатски пасош, ќе се фотографира пред знаме, ќе даде патриотска изјава и ќе се врати дома убеден дека ја променил светската историја.

А всушност му се променило само салдото на банкарската сметка.” “Финецот вели дека интересите се легитимни.”Го потсети Диоген. “Но вредностите мора да бидат темел. Ние одамна ја усовршивме уметноста вредностите да ги користиме како сезонски декор. Ги вадиме кога треба свечен говор. И веднаш ги враќаме во плакар кога треба да се донесе тешка одлука.” „Македонија“, рече Диоген, „е можеби единствената држава во која принципите имаат работно време.“ Волтер кимна. „Од девет до единаесет. После тоа се на пауза.“

Стуб мирно предупредува дека опортунизмот секогаш, на крајот, ја плаќа сметката. Во Македонија, пак, секој што ќе ја направи сметката внимателно се трга настрана за некој друг да ја плати.Ние сме светски шампиони во префрлање одговорност. Ако нешто успее, заслугата секогаш им припаѓа на оние што во тој момент се на власт. Ако пропадне, виновни се Османлиите, Југославија, комунистите, националистите, глобалистите, Балканот, Европската Унија, ретроградниот Меркур или некој министер од 1998 година.

Само ние никогаш. Најсилната мисла од говорот, сепак, не беше за Русија, Украина или Блискиот Исток. Туку една реченица што кај нас звучи речиси како научна фантастика: „Секоја држава има способност да влијае.“ „Замисли“, рече Волтер, „ако Финецот вака размислува, што би требало да кажеме ние, Македонците? Не дека некој ќе нè спаси. Не дека некој ни должи нешто. Не дека историјата мора да ни врати сметка. Туку дека и ние сме одговорни за сопствената позиција.“ Во Македонија ова звучи речиси навредливо. Затоа што одговорноста бара огледало.

А ние многу повеќе сакаме прозорци низ кои ќе покажуваме со прст кон другите. По неколку минути молк, Волтер го праша Диоген: „Кажи ми… ако утре Финска беше на нашето место, колку долго ќе останеше таму?“ Диоген се насмевна. „Веројатно кратко.“ „Затоа што Финците се попаметни?“ „Не. Туку затоа што таму политиката не е натпревар кој ќе ја убеди јавноста дека реалноста е виновна.“ Повторно замолкнаа. Диоген полека го стави капчето и го изгаси фенерот. „Го најде ли тоа што го бараше?“, праша Волтер. „Не.“ „Тогаш зошто го гасиш?“ „Затоа што сфатив дека проблемот не е во темнината.“ „Во што е?“ „Во луѓето што одамна се навикнале да живеат без светлина.“

И можеби токму тоа беше најважната порака што ја остави финскиот претседател, без воопшто да ја изговори. Моќта не е секогаш во големината. Интересот не е секогаш во моменталната корист. А вредностите не се говор што се чита пред Обединетите нации. Тие се навика.

Државите не пропаѓаат кога ќе осиромашат. Прво пропаѓаат кога ќе престанат да ја разликуваат вистината од приказната што најмногу сакаат да си ја раскажуваат за себе. А кога ќе се случи тоа, ни историјата, ни географијата, ни светот не можат да ја напишат домашната задача што едно општество упорно одбива само да ја напише.

бенита белешкова колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 12, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

ВЕСТИ July 12, 2026

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот…

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.