Published: Monday, June 20, 2016 19:54
Владата на Република Македонија во моментов е под силно полициско обезбедување. Додека демонстрантите на Шарената револуција масовно тргнаа од Специјалното обвинителство кон Владата, на Илинденска ББ во моментов ги чека огромен полициски кордон.
Засега ситуацијата е мирна, јавуваат репортерите на НОВА. На протестот се приклучија и опозициските партии на чело со Зоран Заев, а предводниците на Шарената револуција наречени „командосите“ се со маички на кои пишува „Армијата на Сорос“ – чин со кој тие ја исмеваат медиумската пропаганда коај се шири против нив нарекувајќи ги странски палтеници. Следете го протестот во живо на НОВА.





