Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Охрид: Каранфилова-Пановска: Со погрешните политики на власта, иселувањето на младите се засилува

0
By Zoran Ivanov on August 17, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, на обраќањето пред младите социјалдемократи на традиционалниот младински камп „Трајче Нешковски“ во Охрид остро ја критикуваше власта на ВМРО-ДПМНЕ за погрешните политики и уништувањето на перспективата на младите, се вели во соопштението од СДСМ.

Партизацијата на институциите е груба и на секое ниво. Стручни и квалитетни млади кандидати се отфрлаат, местата се полнат со партиски кадри. Младите немаат шанса дома да ја градат својата иднина, ВМРО-ДПМНЕ ја уништува последната надеж кај младите дека можат да се вработат според знаење и квалификации, рече таа.

Таа укажа и на алармантните податоци за намалување на бројот на вработени лица за над 17.000 луѓе од 2024 година наваму:

Ова не се само алармантни бројки. Тоа е вистината зад илјадници човечки судбини, за нашите млади кои заминуваат, за уништени надежи за иднина во сопствената земја, рече заменик-претседателката на СДСМ.

Каранфилова Пановска потсети дека помина повеќе од една година откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта а ниту едно од ветувањата за младите не се исполнети.

Младите се заборавени и маргинализирани. Европската перспектива на земјата е целосно блокирана, иднината неизвесна. Погрешните политики на власта допринесуваат иселувањето на младите да се засилува нагласи Каранфилова-Пановска.

Заменик претседателката истакна дека СДСМ е партијата која секогаш стои на страната на младите.

СДСМ верува во вас, во вашата енергија, знаење и идеи. Ние сме тука да ви отвориме врати во партијата, да ве слушаме и да ви овозможиме да бидете двигатели на промените во општеството, порача таа.

Македонија мора да биде земја во која успехот зависи од способноста и знаењето, а не волјата на власта. Заедно ќе се бориме за оваа цел , потенцираше Каранфилова-Пановска во своето обраќање.

 

ДПМНЕ каранфиловска Охрид пшановска СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.