Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Охрид: Конференција на претседателите на Парламентите

0
By Нова ТВ on May 27, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), денеска и утре во Охрид се одржува 10-та Конференција на претседатели на парламентите на ПСЈИЕ, на која претседава Македонија.

Според најавите, ќе се разгледува меѓупарламентарната соработка во регионот и улогата на националните парламенти врз влијанијата предизвикани од економската криза и останатите предизвици, разгледување на насоките и модалитетите за натамошниот развој на парламентарната димензија на ПСЈИЕ што ќе води до воспоставување на Парламентарно собрание, како и усвојување завршна Декларација и други документи.

Со конференцијата ќе претседава претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, а ќе присуствуваат претседателот на бугарското Национално собрание Михаил Миков, хрватскиот спикер на Парламентот Јосип Леко, претседателот на Претставничкиот дом на Романија Валериу Згонеа и потпретседателот на Сенатот Флорин Констатинеску, претседателот на српското Национално собрание Небојша Стефановиќ, претседателот на турското Големо Национално Собрание Џемил Чичек, претседателот на словенечкиот Национален совет Митја Бервар и потпретседателот на Националното собрание Рената Брунсколе, како и потпретседателите на Претставничкиот дом на БиХ и на Црна Гора, Милорад Живковиќ и Суљо Мустафиќ.

Поради изборите во Албанија, на конференцијата во Охрид доаѓа претседателот на парламентарниот Комитет за надворешна политика Фатос Беја, додека од Грција ќе присуствува претставник за регионална соработка и партнерство во рамките на ПСЈИЕ.

Освен официјалните претставници, како гости на конференцијата ќе учествуваат заменик-претседателот на Европскиот парламент Ласло Сурјан, претседателот на Генералното собрание на ОБСЕ Волфганг Грошрук, генералниот секретар на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ, поранешната потпретседателка на германскиот Бундестаг Петра Блаз Рафајловски, поранешниот потпретседател на бугарското Национално Собрание Георги Пирински, како и претставници на фондацијата Фридрих Еберт и Секретаријатот за парламентарна соработка во ЈИЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.