Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Охрид нема да го загуби статусот – град на УНЕСКО

0
By Нова ТВ on June 29, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Наместо 12 како што првично беше предвидено со проектот за возообновување на Светиклиментовиот Универзитет, на Плаошник ќе има само шест објекти и истите ќе бидат со еден кат помалку од она што беше утврдено како првична идеја.

Дел од забелешеките се на мисијата на УНЕСКО кои пред неколку месеци беа во посета на Охрид и обиколка на Плаошник и стариот дел на градот. Министерската за култура Елизабета Канческа – Милевска при посетата на Охрид рече дека се што се прави на Плаошник е во согланост со сите европски и светски законски процедури.

-Согласно заклучоците и координативниот состанок кој го имавме со мисијата на УНЕСКО се договривме во самиот комплекс да има 6 објекти.Од нивна страна беа дадени препораки висината на овие објекти да се намали за една катна висина. И пред да дојде мисијата овде ние сакавме да им покажеме како би изгледале објектите со една катна висина намалени.Се усогласивме со УНЕСКО и ние сметавме дека тие препораки се прифатливи за самиот проект и за самиот визулен поглед од објектот кон Охридското езеро, рече Камчевска.

Камчевска додаде дека нема никаква закана по статусот на Охрид како град заштитен под УНЕСКО.

-Ги исфрливме и тие стаклени површини кои претходно ги имавме затоа што штрчеа во самата архитектира и отскокнуваа од самите објекти.Сега со новите измени добивме комплетна слика на еден амбиент кој кога ќе се возообнови ќе биде за почитување. Препораките се прифатени и УНЕСКО е задоволен од она што го сработивме.Ги видоа нашите нови проекти и нема никаква дилема. И кога дојдоа во Охрид не стануваше збор дека ќе бидеме избришани од листата на Унеско и до такво нешто не дојде.Заедно со Унеско ги дефиниравме сите работи, а наша делегација беше и во Катар за да каже дека ги прифативме препораките и сега имаме најпозитивна оцена од Плаошник, рече Тања Паскаи Бунташевска, директор на Музејот во Охрид.

На Плаошник во моментот се градат дел од објектите каде треба да бидат сместени резиденцијалниот објект на МПЦ,манастирскиот комплекс, библиотеката, музејот и центарот за хуманистички науки. Се очекува целиот комплекс да биде готов до почетокот на 2018 година.Првичната оценка и коментар на охриѓани дека она што се гради на Плаошник ни одалеку не одговара на целиот амбиент.

За она што се гради на Плаошник во изминатиот период имаше многу партиски рекации и рекации од експертската јавност.

-Доколку такви објекти се внесуваат во едно такво историско јадро, тогаш особено се внимава на нивниот габарит, односно на тоа колкав простор зафаќаат и на нивната височина. Во овој случај габаритот и просторот кој го зафаќаат тие објекти не одговараат на целата ситуација. Поголем проблем е што генерално Охрид го губи тој статус бидејќи стариот дел на градот со старата архитектура со околината на објектите е веќе тотално уништена и остава впечаток на евтин туристички комплекс, вели Чаусидис.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.