НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Охрид за Илинденските празници полн со туристи (Фото)

0
By НОВА ТВ on July 31, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Продолжениот празничен викенд на Охридското крајбрежје го означува шпицот на летната туристичка сезона. За деновите околу Илинденските празници Охрид традиционално е преполн со гости и туристи. Солидната посетеноста на градот и крајбрежјето за Илинден не ја отсликува ситуацијата за летната сезона генерално, оттаму што до само пред две седмици во градот гости имаше само за викендите.

Приватните сместувачки капацитети за овој период околу празниците се редовно максимално искористени, се бара легло повеќе што тешко се наоѓа и тоа претежно во периферните делови од градот додека во оние капацитети во централното градско подрачје или на атрактивните локации долж крајбрежјето место нема.

Иако годинава споредбено со лани има одреден број странски туристи, сепак тоа е многу помалку од времето пред коронаепидемијата. Илустративно, ситуацијата сега не може ниту да се споредува со рекордната 2019 година кога на Охридското крајбрежје беа остварени околу 1,5 милиони ноќевања.

Најбројни ова лето се туристите од Србија, Полска, Украина, во помал број од другите соседни земји. Има и гости од Холандија, но далеку помалку поради тоа што непредвидливоста на епидемијата и рестриктивните мерки ја усложнија процедурата за патување така што ова лето гостите од Бенелукс почнаа да пристигнуваат дури во втората половина на јули наместо од мај како што беше години наназад. Најголем дел од автомобилите со странски регистерски таблички на јавните паркиралишта низ градот се на нашинците кои после две години успеаја да дојдат во татковината. Дијаспората од Австралија и САД и оваа година практично ја нема, што многу се чувствува во угостителскиот сектор.

Хотелските капацитети дури за сезонскиот шпиц се поднаполнија, но и таму сликата не е розева, тоа се гости што доаѓат во индивидуална режија, изостанаа организираните летувања преку странските тур-оператори.

Она што беше карактеристично за Охрид пред десеттина години кога странски туристи доаѓа да летуваат тука, а дел од времето од одморот го користеа за еднодневни тури до Албанија, сега ситуацијата е сосема спротивна – се поголем е бројот туристи што одмараат во Албанија, а доаѓаат во Охрид на еднодневна прошетка и разглед на културно-историските споменици.

Најбројни и ова лето како минатата година се домашните гости, поголемиот дел сместени во сопствени станови или викендички, а останатите најчесто се решаваат за сместување со закуп на помали апартмани или соби. Скромниот буџет значи да се одбере поскромната варијанта за летување со готвење дома, а кога се купува тоа претежно е брза храна, нешто што се јаде „од нога“ или на некоја од клупите на Кејот на езерото, во парковите, по плажите. Сето тоа значи дека отсуствува позначаен промет за охридските угостители.

За разлика од економските и здравствените, временските прилики поволни и соодветствуваат за овој период, со високи температури карактеристични и очекувани за средината на летото. Покрај проверената чистота од прва категорија, водата во езерото со температура неколку степени над просечната за овој период што ја прави идеална за капење и рекреација.

Карактеристично за оваа сезона е што голем дел од крајбрежјето е „исчистен“ од лежалки и друга урбана опрема, како и неконтролирана наплата за паркирање возила. Јавните плажи се повторно отворени и слободни за туристите, што пак од друга страна ја усложнува состојбата со хигиената, затоа што јавното комунално претпријатие не секогаш успева да го собере отпадот што неконтролирано и неодговорно се одлага на несоодветни места.

Оваа година и културно-забавната понуда за гостите е нешто побогата споредбено со лани, до 20 август секоја вечер има понуда на програмата на Фестивалот „Охридско лето“, а најавени се и гостувања и концерти на познати естрадни имиња од земјата и регионот, за сите вкусови и генерации.

Охрид празник туристи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.