Денеска полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал Охрид и Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стење  ги привеле Е. Ш. (22) и М.А. (25) од  Република Албанија.

При контрола во патничко возило „нисан“, со албански национални ознаки, биле пронајдени 139 парчиња охридска пастрмка со вкупна тежина околу 90 кг,  кои биле предмет на недозволена трговија од Албанија кон Македонија .

Е.Ш. и М.А. се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.