Охриѓанец заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“.
79-годишниот човек откако го забележал кучето во куќниот двор како му ги јаде патиките, влегол во куќата на неговиот син и без негово знаење ја зел неговата ловџиска пушка.
Најнапред пукал во возилото во близина на резервоарот за гориво, а потоа го усмртил кучето по што го фрлил во блиската река.
Според МВР настанот се случил на 30 април годинава.