Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО бара докази од МВР за да истражи кој помогнал во бегството на Војминовски

0
By Нова ТВ on January 17, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 17, 2019 14:13

Јавното обвинителството би се вклучило со кривичен прогон против лица кои евентуално му овозможиле бегство на обвинетиот Никола Војминовски, осуден за нападот врз пратеникот Зијадин Села, доколку МВР, кој е надлежен орган за контрола и надзор на мерката куќен притвор, обезбеди релевантни докази што би укажале на извршено кривично дело кое се гони по службена должност.

-Со пресуда на Основниот суд Скопје 1, која се однесува на обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, за виновни беа огласени седум обвинети лица кои добија затворски казни. Во текот на кривичната постапка, присуството на сите обвинети лица од нивното лишување од слобода беше обезбедено со мерка притвор, меѓу кои и на обвинетото лице кое сега е во бегство. За ова лице, одбраната во текот на главната расправа поднесе предлог за укинување на мерката притвор и нејзина замена со мерка куќен притвор или мерки на претпазливост, а притоа како аргумент ја наведе влошената здравствена состојба предизвикана од кардиоваскуларни проблеми на обвинетиот. Кривичниот совет на Судот го прифати овој предлог и на лицето му определи мерка куќен притвор на почетокот на мај 2018 година. Судот ја прифати наведената причина од страна на одбраната во која и јавноста неспорно можеше да се увери кога на 18 април 2018 година обвинетиот колабираше на едно од рочиштата и интервенираше итната медицинска помош. Сведочењето на обвинетиот во друг судски процес нема никаква поврзаност со замената на мерката притвор во куќен притвор, стои во соопштението од ЈОРМ.

Оттаму посочуваат дека по завршување на главната расправа и објавата на затворските казни, надлежниот јавен обвинител предложил ваквата мерка да продолжи до правосилност на пресудата, а поради тоа што состојбата заради која мерката куќен притвор била определена сé уште постоела.

– Откако од Министерството за внатрешни работи беше утврдено дека обвинетиот ја нарушил мерката куќен притвор, надлежниот јавен обвинител беше усно известен. МВР од него доби задолжение писмено да биде известен Судот, со оглед на тоа што, согласно Законот за кривична постапка, во оваа фаза Судот е надлежен за следење на мерките за обезбедување на  присуството. Доколку МВР, кој е надлежен орган за контрола и надзор на мерката куќен притвор, обезбеди релевантни докази кои би укажале на извршено кривично дело кое се гони по службена должност, Обвинителството би се вклучило со кривичен прогон против лица кои евентуално му овозможиле бегство на обвинетиот, посочуваат во соопштението од Обвинителството.

Инаку, во овој предмет, пет лица и натаму се во притвор до правосилност на пресудата, а уште едно лице е во куќен притвор, кој исто така беше променет пред објавата на пресудата. И во овој случај станува збор за обвинет со сериозна здравствена состојба, кој на 06.06.2018 година, за време на главната расправа, падна во бессознание и од страна на итната медицинска помош му беше измерен висок крвен притисок кој надминувал 240/190 mmHg.

Во целиот тек на постапката, од замената на мерката притвор во куќен притвор до донесување и објава на пресудата, до надлежниот јавен обвинител не беа доставени никакви податоци или информации за евентуално бегство на обвинетиот по кого сега е распишана потерница, ниту такви податоци постојат за другиот обвинет кој се наоѓа во куќен притвор, се вели во соопштението од ОЈО.

Министерството за внатрешни работи денеска распиша меѓународна потерница за Никоја Војминовски. Тој во текот на вчерашниот ден исчезнал, и се претпоставува дека избегал од државата. Нему му беше одреден куќен притвор до правосилност на пресудата од 13,6 години затвор на која беше осуден поради нападот на Села, која воедно беше и највисоката казна изречена во овој процес.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.