Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО: Двајца функционери од МИОА се гонат за земање поткуп за доделување ИПА проект

0
By Нова ТВ on June 10, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 10, 2019 12:30
Во текот на денешниот ден, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на Министерството за внатрешни работи по наредба на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во координација со италијанското обвинителство од Милано, а со поддршка на ЕУРОПРАВДА, спроведува координирана полициска операција за обезбедување докази за „примање поткуп“ од страна двајца државни службеници при избор на правно лице за спроведување на проект финансиран од страна на ИПА фондовите, соопштија од ОЈО.

-За обезбедување докази во правните лица кои биле инволвирани во криминалните дејствија, спроведени се симултани претреси во Република Северна Македонија и во Република Италија и тоа пет претреси во Скопје и Куманово, од кои во две правни лица и едно министерство, како и во осум правни лица во Р.Италија. МВР привремено одзеде повеќе од десет компјутери (десктоп и лап-топ компјутери), УСБ и микро СД мемориски картички, мобилни телефони, таблети, два пиштола, парични средства и обемна службена документација, а еден осомничен е лишен од слобода.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица – именуван функционер во органите на државната управа и поранешен раководител на одделение во истиот орган на државна управа. За осомничените, македонски државјани, постои основано сомнение дека во повеќе наврати сториле кривично дело – Примање поткуп предвидено и казниво согласно чл.357 ст.5 во врска со ст.1 во врска со чл.45 од Кривичниот законик, се вели во соопштението.

Од ОЈО појаснуваат дека криминалистичката истрага активно се спроведуваше во изминатите два месеци во соработка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи со меѓународните организации ОЛАФ и ЕВРОПРАВДА, како и повеќе различни држави Италија, Холандија, Романија и други европски земји. Предметот е од меѓународни димензии и е инициран од страна на Европската служба за спречување измама – ОЛАФ која преку Јавното обвинителство во Милано, Италија, достави замолница за меѓународна правна помош до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

По наредба на надлежен јавен обвинител, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал спроведе истражни дејствија и обезбедување докази во врска со нерегуларности, измами и корупција во неколку проекти спроведени во различни институции во нашата држава, финансирани од Европската Унија. Извршени се проверки и потврдување на сомненијата за корупција при доделување на ИПА Фондови во износ од 1.2 милиони евра, во период 2014-2016 година, каде инволвирани биле двајца македонски државјани, а дејствијата биле извршени во Италија, Холандија, Обединето Кралство, Романија и во други европски земји.

Во рамките на истрагата во ЕВРОПРАВДА во Хаг беше одржан и координативен работен состанок заради размена на првични информации и донесување заклучоци за спроведување заеднички координирани активности за обезбедување докази во Република Италија и Република Северна Македонија.

-Осомничените како службени лица, во периодот од јуни 2014 година до август 2015 година од италијанско правно лице преку посредници – италијански државјанин советник во правното лице и англиски државјанин – деловен партнер на англиско правно лице со подружница во Скопје, примилe подарок – патување во странство во три наврати, со вкупна вредност од 7.000 евра за да извршат службено дејствие што не смееле да го извршат. Тие како службени лица, пред официјалното објавување на условите за работење на правното лице – апликант на тендерот, му овозможиле детален пристап до доверливи тендерски информации. Со ваквата постапка осомничените иако знаеле дека споделувањето на информации со апликанти или потенцијални апликанти во тендерски постапки е противзаконито, го прекршиле законот и принципите за доверливост и еднаков третман и на правното лице му овозможиле повластена положба и предност во однос на останатите апликанти. Како резултат на тоа, правното лице било избрано да го спроведува ИПА проектот и бил склучен договор во вредност од 1.096.900 евра.

Во текот на 2016 година, во периодот кога во Министерство за информатичко општество и администрација веќе отпочнало спроведувањето на ИПА проектот, како награда за своето противзаконито службено дејствие првоосомниченото лице, преку италијанскиот посредник од правното лице во два наврати примило во готовина парични средства во вкупен износ од 37.930 евра, односно 2.332.695,00 денари, со што се стекнало со значителна противправна имотна корист. Второосомниченото лице примило подарок во вкупен износ износ од 2.500 евра, односно 153.750,00 денари и се стекнало со поголема противправна имотна корист.

Ценејќи дека се исполнети условите, надлежен јавен обвинител до Судијата на претходна постапка при Кривичниот суд – Скопје достави предлог за определување на мерка притвор против првоосомничениот кој во 2005 година бил гонет за кривично дело Злоупотреба на избирачкото право по член 161 и во истиот предмет осуден со парична казна за повреда на избирачкото право од член 159 од Кривичниот законик. Второосомниченото лице во моментот не се наоѓа на територијата на нашата држава.

Уапсен државниот секретар во МИОА за провизија од тендер

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.