Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО отвори истрага за десет лица за недозволена трговија со оружје и дрога

0
By Нова ТВ on April 28, 2021 ПОЛИТИКА
ОЈО
ОЈО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 28, 2021 16:09

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривичната пријава на Министерството за внатрешни работи, денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против десет лица од кои едно е полициски службеник, а едно дете во судир со законот над 16 години.

Три лица се осомничени дека сториле кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи и кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, пет лица се осомничени дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, а останатите двајца за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

– Во рамките на повеќемесечната истрага и обезбедени доволен број на докази кои ја потврдуваат инволвираноста на лицата во недозволена трговија со оружје и дрога, денеска во раните утрински часови е спроведена оперативна акција. По насоки и координација на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници од Министерството за внатрешни работи извршија претреси во дом и други простории на повеќе локации на подрачјето на Град Скопје и на една локација на подрачјето на Свети Николе. Притоа, од слобода се лишени и приведени девет лица меѓу кои и еден полициски службеник, еден од осомничените веќе се наоѓа во притвор во друг кривично правен настан, се вели во соопштението од ОЈО.

Двајца од осомничените, се вели во соопштението од ОЈО, создале организирана криминална група инволвирана во вршење на кривични дела од областа на недозволена трговија со оружје, муниција и дрога, која подолг временски период делува на територијата на нашата држава. На групата се приклучиле останатите осомничени кои нелегално продавале оружје, муниција и дрога на заинтересирани лица.

– Оваа криминална група е поврзана и со претходно реализиран кривично правен настан во Кичево во ноември 2020 година, кога беа запленети поголема количина на оружје и муниција, како и со реализирани случаи на недозволена трговија со дрога во кои обвинителството веќе постапува против девет лица и случаи на недозволена трговија со оружје и муниција каде обвинителството постапува против три лица, информираат од ОЈО.

Приведените лица ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје.

Надлежниот јавен обвинител ценејќи дека постојат околности што укажуваат дека постои опасност осомничените да се дадат во бегство, да се сокријат, како и да ги уништат трагите од кривичното дело и да влијаат врз сведоци, до Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе достави Предлог за определување на мерка притвор.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.