Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО: Притвор за поранешниот градоначалник на Демир Капија

0
By Нова ТВ on October 26, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 26, 2018 09:51

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека е отворена истражна постапка против поранешниот градоначалник на Демир Капија, Трајче Димитриев и три други лица, за кои е поднесена кривична пријава од Управата за финансиска полиција.

По барање на ОЈО, судија на претходна постапка од Основен суд Скопје 1 на тројца, меѓу кои и Димитриев, им определил притвор од 30 дена, а за четвртообвинетата, инаку братучетка на Димитриев, определил домашен притвор. Меѓу осомничените за кои е одреден притвор се и поранешниот претседател на Советот на општина Демир Капија, како и еден овластен проценител.

Сите се товарат за нанесена штета на Буџетот на Општина Демир Капија во износ од 15.456.106 денари (251.000 евра).

Подарил половина објект на роднини

Според пријавата, во март 2012 година, Делегацијата на Европската Унија во Скопје и Трајче Димитриев, како градоначалник на општина Демир Капија, потпишале договор за грант за проект „Центар за едукација и вмрежување во туризмот Ценет“,  во вредност од 262.366 евра. За овој центар се реконструирала стара училишна зграда, која половина била сопственост на општината, а половина на четвртопријавената М.Ј., а за тоа биле употребени 101.230 евра од грантот, додека останатите потребни пари, 82.000 евра, биле од буџетот на општината. Другите пари биле наменети за опремување на центарот.

Потоа општинската половина од објектот со 800 квадратни метри површина, како и општинската половина од катастарската парцела, Димитриев на 12 јуни 2013 година ги продал на својата братучетка за 1,67 милиони денари (27.100 евра).

Тој износ е десет пати помал од реалната пазарна цена, велат од Финансиска полиција, дополнувајќи дека тој износ Димитриев прво од својата трансакциска сметка го префрлил на братучетката, односно и ги позајмил, а потоа и префрлил уште 4,49 милиони денари (73.000 евра) за да го доврши реконструирањето.

Реконструираниот објект бил наменет за сместување на фондацијата „Центар за едукација и вмрежување во туризмот – Ценет“, основана од страна на Општина Демир Капија, но Димитриев во април минатата година и таа Фондација без надомест ја отстапил на близок роднина.

Што ќе истражува ОЈО

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, на осомничените им се става на товар дека сториле кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување. Имено, првоосомничениот во својство на извршен орган на општината, потпомогнат од второ и трето осомничените и поттикнат од четвртоосомниченото лице во периодот од 2013 до 2017 година ја злоупотребил својата службена положба и овластување, на начин што со четвртоосомниченото лице склучил договор за продажба на објект – реконструирана стара училишна зграда и земјиште во сопственост на Општина Демир Капија за износ десет пати помал од реалната пазарна цена.

При продажбата, како што стои во соопштението, не е земена предвид претходно инвестираната реконструкција на објектот со средства од Договорот за грант од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ наменет за Република Македонија. На тој начин четвртоосомниченото лице се стекнало со противправна имотна корист на штета на буџетот на Општина Демир Капија. Воедно, првоосомничениот во текот на 2017 година без надомест ја отстапил фондацијата чиј основач била Општина Демир Капија на свој близок роднина, со што му овозможил да се стекне со противправна имотна корист, на штета на Буџетот на општината во износ од 4.208.922,00 денари.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.