Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО Скопје поднесе обвинение против 12 луѓе за смртта на малата Тамара

2
By Нова ТВ on May 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 7, 2018 14:47

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен предлог против 12 луѓе за сторено кривично дело – Несовесно работење во службата,во слуачјот со лекувањето на Тамара Димовска.

Во текот на истражната постапка била обезбедена целокупната документација поврзана со лекувањето на Тамара од Фондот за здравство, Министерството за здравство, Универзитетската клиника за детски болести, Општата болница во Велес и ПЗУ „Филип Втори“,  а бил земен и секциониот протокол со кој од страна на Институтот за судска медицина се утврдува конкретната причина за смртта на Тамара. Биле испрашани и сите членови на  на Стручниот колегиум – потписници на Предлогот за упатување на лекување во странство, претставник на Фондот за здравствено осигурување, секретарите на Комисиите на Фондот (првостепена и второстепена), директорот на ЈЗУ ТОАРИЛ УЦ, како и членовите на првостепената и второстепената комисија, кои одлучувале при донесувањето на негативното мислење за упатување на овој пациент на лекување во странство. Институтот за судска медицина извршил и дополнително вештачење за да се утврди поврзаноста на конкретната причина за смртта кај Тамара Димовска со нејзината општа здравствена состојба. Била испитана и мајката на сега починатото дете.

Според ОЈО обвинети се петмината доктори членови на првостепената комисија која дала негативно мислење за лекувањето на Тамара Димовска. Со обвинението се опфатени уште и докторите од второстепената лекарска комисија како и двајца поранешни директори на Фондот за здравствено осигурување и тогашниот претседател на Управниот одбор на Фондот.

„Како резултат на многубројните спроведени истражни дејствија во една темелна и сеопфатна преткривична постапка, беше утврдено дека сега обвинетите пет члена од Првостепената лекарска комисија за одлучување по правото на лекување во странство, во рамките на Фондот за здравствено осигурување го донеле првичното негативно мислење за лекувањето на Тамара Димовска. Мислењето дека не се исцрпени можностите за лекување на пациентот во Република Македонија тие го донеле по истекот на законски предвидениот рок и е спротивно на мислењето на Стручниот конзилиум на УК ТОАРИЛ УЦ. Притоа предвид ја зеле изјавата на тогашниот министер за здравство кој најавил дека пациентите со деформитет на ’рбетот во иднина нема да одат да се лекуваат во странство, затоа што оперативните зафати ќе се вршат во новоформиран Спинален центар на Клиниката за ортопедски болести во Скопје. Постапувајќи по ваквото мислење, двајца од обвинетите во својство на директори на Фондот за здравствено осигурување донеле Решение со кое барањето за лекување во странство се одбива како неосновано. Истото Решение било потврдено и од сега обвинетите членови на Второстепената лекарска комисија, а конечно потпишано од обвинетото лице во својство на претседател на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување, без притоа да се одржи седница на Управниот одбор“ пишува во соопштението од ОЈО Скопје.

Постапувајќи во истиот предмет, надлежниот јавен обвинител донел Решение за отфрлање на кривичната пријава против тројца луѓе за „Несовесно работење во службата“ и за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ .За овие три лица било утврдено дека немале овластувања да одлучуваат и не учествувале во одлучувањето за лекувањето на починатото дете.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.