Околу 18.000 лица поднеле барање за работа во новата ИКЕА што ќе почне да работи ова лето.
ИКЕА нуди 250 работни места. Најмногу кандидатури за работно место пратиле Белграѓаните – 17.775, објави шведскиот гигант за продажба на мебел по пристапни цени преку агенцијата БЕТА.
Средната плата во Србија изнесува 370 евра а според програмата на Обединетите Нации за развој во Србија има 19.7 посто невработеност. Оваа бројка расте кај младите и изнесува 44,2 отсто.
ИКЕА отвори дуќан во Србија на почетокот на 90те години но потоа мораше да затвори поради екс југословенските војни. Новиот дуќан ќе биде сместен на 20 км на југ од Белград а инвестицијата изнесува 70 милиони евра.
Досега 50 лица добиле позитивен одговор на нивната кандидатура за работа.