Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Околу 600 луѓе се верува дека го преживеале нападот во театарот во Мариупол

0
By Соња Крамарска on March 25, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советник на градоначалникот на Мариупол рече дека се верува дека околу 600 луѓе го преживеале рускиот бомбашки напад врз театарот во градот пред девет дена.

Информациите за жртви и преживеани бавно се појавуваат по нападот на 16 март, а отсуството на функционални полициски сили и мрежата на итни случаи го направија невозможно составувањето на официјалниот број, рече Петро Андриушченко на неговиот канал Телеграм.

Наместо тоа, тој откри детали за, како што ги нарече, „речиси официјални“ бројки и објасни како Советот ја достигнал бројката од околу 300 жртви, што беше објавено претходно во текот на денот.

Тој рече дека претставниците на Советот започнале со информации за бројот на луѓе кои го користат театарот како засолниште, што се менувало од ден на ден како што пристигнувале нови луѓе, додека другите си заминувале.

Тие, исто така, собрале податоци од луѓе кои живееле во близина на театарот или отишле на местото по нападот. Конечно, на градските власти им помогнал локален новинар кој имал конкретни информации за луѓе кои избегале и го напуштиле градот.

„Ова не е само сведоштво на една личност. Тоа е резултат на голема и внимателна работа“, рече Андриушченко. Како резултат на тоа, заклучи тој, „речиси официјалните“ бројки на градот говорат за околу 900 луѓе во театарот на денот на бомбардирањето.

Се проценува дека 300 лица кои загинале биле на горните катови на зградата и во задниот дел на театарот. Многу од 600-те што преживеаја беа во процес на заминување од Мариупол до Запорожје, рече тој.

Мариупол преживеани театар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.