Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Олаф Шолц: Гласот за СДСМ, за Ковачевски и за Пендаровски е глас за европската иднина на Македонија

0
By Marija Todorovska on April 18, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 18, 2024 14:55

Германскиот канцелар Олаф Шолц, во име на Социјалдемократската партија на Германија, упати порака во која искажа поддршка за Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, на претседателот на партијата Димитар Ковачевски и на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, за претстојните избори и за натамошниот европски пат на Македонија кон полноправно членство во Европската унија.

  • Изборот е во ваши раце, а европската иднина на Северна Македонија ќе се поддржи со давaњето на гласот за СДСМ, со Димитар Ковачевски како премиер и Стево Пендаровски како претседател. Патот кон Европската унија не беше лесен за Северна Македонија, како и дека неуспесите и одложувањата разбирливо доведоа до разочарување во нашата земја, порача Шолц во видео пораката која беше прикажана на одбележувањето на почетокот на кампањата на СДСМ за парламентарните избори што се одржува денеска во Скопје.

СДСМ покажаа голема решителност да ги надминат надворешните и домашните предизвици и да ги преземат неопходните чекори за изградба на посилна, попросперитетна Северна Македонија, вели германскиот канцелар во пораката, додавајќи дека тие ја водеа земјата во НАТО и ги зајакнаа европските вредности на демократија и слобода.

  • Ова е вистинскиот пат и имам целосна доверба дека тие успешно ќе ја водат Северна Македонија до целта и во Европската унија, нагласи Шолц. Вие, СДСМ и народот на Северна Македонија, во минатото покажавте храброст и јас сум убеден дека тоа ќе го покажете уште еднаш вели Шолц додавајќи дека земјата со храбрите одлуки може да се потпре на целосна поддршка од Германија бидејќи, како што нагласи Шолц, знаеме дека местото на Северна Македонија е во ЕУ.

Извор: Независен

 

Ковачевски Олаф Шолц Пендаровски СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.