Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оланд: Франција го подржува процесот на проширувањето

0
By Светлана Јовановска on July 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Ветувањето на Европа е тука, дајте ни нам и на вас начин да го оствариме“, ова е пораката на францускиот претседател Франсоа Оланд кој утре на 25 јули, патува во Брдо во Словенија на самитот на балканските шефови на држави. Ова е прво патување на француски претседател во Словенија од 1991 година.

Во Брдо, Оланд ќе се сретне со сите балкански шефови на држави а средбата со Ѓорѓе Иванов е предвидена утре околу 11 часот веднаш по средбите со домаќинот Борут Пахор и албанскиот претседател.

Според францускиот дневник Ле Монд, оваа посета може да се чини излишна во овој момент кога Европа е соочена со повеќе кризи, но Оланд има намера да испрати сериозна порака до целиот Балкан, особено сега по влезот на Хрватска во ЕУ, дека портите на Европа се отворени за балканските нации кои мораат да одат кон помирување.

Пораката е значајна особено во овој момент кога скептицизмот кон проширувањето има земено замав не само во Франција туку и насекаде во ЕУ па и на Балканот. Освен тоа, Оланд сака на извесен начин да ја врати Франција во регионот од каде што таа е практично отсутна во последниве години.

Оланд ќе се сретне со претседателите на Хрватска, Србија, Словенија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово. Според францускиот Ле Монд, близок до социјалистите на чии редови доаѓа Оланд, тој сака да им пренесе на сите овие земји дека страницата на војните е завршена и дека Франција, со текот на долг период беше видена про-српска и противник за независноста на екс југословенските држави, сака да го поправи овој впечаток и да покаже дека отворена кон прошируањето на ЕУ кон Балканот.

Во анализата на весникот се цитира висок француски дипломат кој тврди дека „земјите од Балканот ја менуваат епохата и го менуваат пост воениот период за да влезат во фаза, се уште чувствителна, за регионална соработка”, особено по доближувањето на Белград и Приштина.

Балканските земји се сепак се уште во фаза градење на демократијата каде што криминалот и непотизмот владеат и оттука перспективата за доближување до ЕУ им е неопхдна. Според професорот Жак Рупник европските граѓани треба да се убедат дека овој процес од големо значење со тоа што ЕУ не може да има тежина во светот доколку не успее да ги реши проблемите на Балканот кој се наоѓа на нејзините порти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.