Францускиот претседател Франсоа Оланд формално ќе ја објави својата одвоеност од неговата официјална партнерка, Валери Трирвилер, јавуваат француските медиуми.
Оваа одлука доаѓа откако списанието Клозер објави фотографии кои очигледно покажуваа дека имал љубовна врска со актерката.
Г-дин Оланд, кој никогаш не негираше дека имал афера со Жули Гаје, призна дека е “тежок момент” во неговиот однос со г-ѓа Трирвилер.
Таа помина една недела во болница откако се откри аферата.
Г-ѓа Гаје најави дека ќе го тужи списанието Closer , кое ги објави оригиналните извештаи, за нарушување на приватноста.
Г-ѓа Трирвилер пак, патува во Индија во недела, во знак на поддршка на работата на француската добротворна организација Акција против гладот.
Во четвртокот таа го отпушти нејзиниот адвокат затоа што рекол дека таа се обидува да стави крај на нејзината врска со г-дин Оланд “со најголемо можна достоинство”.
Г-ѓа Трирвилер изјави за Радио Европа 1 дека таа “се чувствува измамена”.