Францускиот претседател Франсоа Оланд се сретна со Папата Францис во Ватикан, што е негова прва посета во странство по извештаите за неговата наводна афера со една актерка, јавува Би-Би-Си.
Во соопштението од Ватикан велат дека во нивните разговори биле опфатени семејството, биоетиката и почитувањето на верските заедници.
Франција планира да ги измени своите закони за абортус и потпомогнато самоубиство.
Партнерката на г-дин Оланд Валери Трирвилер помина една недела во болница поради тврдењата дека тој имал љубовна врска со актерката Жули Гаје.
Г-ѓа Гаје најави дека ќе го тужи списанието Closer , кое ги објави оригиналните извештаи, за нарушување на приватноста.
Г-ѓа Трирвилер пак, патува во Индија во недела, во знак на поддршка на работата на француската добротворна организација Акција против гладот.
Во четвртокот таа го отпушти нејзиниот адвокат затоа што рекол дека таа се обидува да стави крај на нејзината врска со г-дин Оланд “со најголемо можна достоинство”.
Г-ѓа Трирвилер изјави за Радио Европа 1 дека таа “се чувствува измамена”.