Францускиот претседател Франсоа Оланд вели дека ќе покрене судска постапка против магазинот Closer, со оглед на тоа што тврди дека има афера со една актерка, јавува Би-Би-Си.
Г-дин Оланд изјави на АФП дека текстот е “напад врз правото на приватност.”
Последното издание на неделниот таблоид Closer има седум страници на откритија и фотографии за неговата наводна афера со Жули Гаје (Julie Gayet).
Г-ѓа Гаје, 41, е етаблирана актерка на телевизија и филм која се има појавено во повеќе од 50 филмови.
Гласините за нивната наводна врска циркулираат на интернет неколку месеци.
Во март минатата година, таа поднесе жалба преку обвинителите во Париз против разни блогери и веб-сајтови, кои известуваа за гласините.
Нејзиниот адвокат во тоа време рече дека нема основа за овие тврдења.
Фото: Оланд со неговата партнерка Валери Трирвилер (Valérie Trierweiler), позната политичка новинарка