Поранешниот хрватски репрезентативец е санкциониран од фудбалскот сојуз на Германија поради обложување на девет меча во втората лига
Правел што не смее и ќе сноси последици. Ивица Олиќ (37) е казнет со 20.000 евра и два меча суспензија поради обложување на девет меча во германската втора лига во периодот од 26 август до 11 септември.
Казната за поранешниот хрватски репрезентативец, моментно член на Минхен 1860, ја изрече фудбалскиот сојуз на Германија. Покрај ова, Олиќ се очекува да биде санкциониран и од клубот за кој настапува.
Искусниот напаѓач има 104 настапи за репрезентацијата на Хрватска. Во кариерата, покрај за Минхен 1860, настапуваше и за Загреб, Динамо Загреб, Херта, ЦСКА Москва, Баерн Минхен, Волфсбург и Хамбург.