Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оливер Дерковски од ВМРО ДПМНЕ ќе биде нов претседател на ДИК

0
By Нова ТВ on July 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 23, 2018 20:18

По договорот на лидерската средба, пратениците вечерва ќе гласаат за новиот состав на Државната изборна комисија која треба да го спроведе референдумот. ВМРО ДПМНЕ го предлага  Оливер Дерковски за претседател,  а за член Елизабета Постоловска.

СДСМ ги предлага Борче Кондарко, Јанакие Витановски и Радица Ристевски. Кандидат за член на ДИК од редовите на ДУИ е Димире Шеху, а БЕСА и Алијансата за Албанците треба да предложат еден заеднички член.

Членовите на комисијата за избори и именувања кои вечерва одржаа седница, ја испратија листата со сите 47 пријавени кандидати за членови на ДИК до претседателот на Собранието. Сега Џафери ќе ја препрати до партиите  кои ќе се изјаснат за нивните кандидати. Потоа, Комисијата за избори и именувања ќе ги констатира кандидати, по што ќе бидат избрани на собраниска седница.

Заев, Мицкоски, Ахмети и Касами претпладнево во Клубот на пратениците се договорија со двотретинско мнозинство да се  избере Државната изборна комисија, а власта да ги повлече измените на Изборниот закон со кои се предлагаше составот на ДИК да се избере со 61 глас. По барање на ВМРО ДПМНЕ, вечерва во Собранието ќе се гласа и за Законот за финансирање на партиите и за измени во Законот за Влада со формирање на „пржинска влада“ пред секои парламентарани избори.

Власта и опозицијата на лидерската средба не успеаа да се договорат за референдумот. Поради различните ставови околу референдумското прашање овие разговори пропаднаа. Засега не е најавена нова лидерска средба.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски по 7 часовната средба изјави „Наш цврст партиски став е за да биде успешен референдумот, треба да има излезност 50 отсто од вкупниот број гласачи и да гласаат 50 отсто плус еден од излезените. И тука имавме извесно приближување во ставовите. Но, несогласувањата се околу значењето на прашањето, кое по Уставот и законите треба да биде еднозначно и да не ја силува волјата на граѓаните“.

Мицкоски смета дека референдумското прашање треба да содржи само едно прашање, да биде јасно и недвосмислено и да се однесува само на Договорот со Грција.

Премиерот Заев го обвини Мицкоски дека не сакал да ги повика гласачите на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат на референдум по сопствено убедување  и дека лидерот на опозицијата не успеал да го препознае моментот туку само „лажел дека сака Македонија да стане членка во ЕУ и НАТО“.

Мицкоски одби да се откаже од својата намера со бојкот да ги уништи европските и НАТО перспетивите на граѓаните – рече Заев.

На лидерската средба не се разговарало за  датумот за одржување на референдумот, но партиски извори  како можен датум го посочуваат 30 септември.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.