Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Омаж)Крсте Црвенкоски-Народен херој и носител на Партизанска споменица 1941 година

0
By Mirjana on October 11, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 11, 2021 12:31

Кога се зборува за херојските подвизи на учесниците во Народното востание од 11 Октомври 1941 година, не може а да не се спомене името на Крсте Црвенкоски роден прилепчанец кој на 20 годишна возраст ја зел пушката во рака во борба против Фашистичкиот окупатор.Важи за еден од водечките македонски политичари и дисиденти од времето на комунизмот. Учесник е во НОБ и носител на орденот НАРОДЕН ХЕРОЈ и на ПАРТИЗАНСКА СПОМЕНИЦА 1941.Кон комунистичкото движење пристапува уште како ученик во гимназија, станувајќи член на СКОЈ во 1935 година, на 14 години. Во 1939 година е примен во членство на КПЈ и влегува во Месниот комитет за Прилеп. По завршувањето на гимназијата, по налог на Партијата се запишува на Филозовскиот факултет во Скопје но набрзо е принуден да премине во илегала.

По окупацијата на Југославија во 1941 година зема активно учество во подготовките на востанието и е учесник, а потоа и политички комесар на Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“. Учесник е во нападот врз Прилеп што го извршил одредот на 11 октомври. Во февруари 1942 година е упатен на работа во заднината на територијата на Македонија под италијанска окупација, но на почетокот на септември истата година е уапсен во Гостивар и одведен во затворот во Тирана.

По два неуспешни обиди, Црвенкоски кон крајот на април 1943 година успева да побегне од затворот заедно со група од 21 затвореник и се префрла во Западна Македонија. Именуван е за секретар на Обласниот комитет на КПМ за Западна Македонија, а во јули 1944 станува секретар на Покраинскиот комитет на СКОЈ за Македонија. Учествува во борбите на Првата македонско-косовска бригада, а зема учество и во Февруарскиот поход.

За народен херој бил прогласен на 29 ноември 1953 година.

По ослободувањето Црвенкоски врши повеќе раководни функции. Во јануари 1948 година е избран за член на Политбирото на ЦК СКМ, а во 1951 година е избран за организациски секретар. Во 1958 година е избран за министер за просвета и култура во сојузната влада. Во 1963 година тогашниот секретар на СКМ, Лазар Колишевски, паѓа во немилост кај Јосип Броз Тито и е повлечен во Белград, а на негово место во јули 1963 година доаѓа Црвенкоски.

Во јуни 1966 година е именуван за претседател на Комисијата за испитување на работата на државната безбедност, формирана како дел од напорот да се испита и отстрани преголемата моќ на тајната полиција предводена од Александар Ранковиќ. По отстранувањето на Ранковиќ од раководните функции, во Југославија доаѓа до либерализација, а главен носител во Македонија е Црвенкоски.

На Петтиот конгрес на СКМ во ноември 1968 година, Црвенкоски е реизбран на чело на СКМ, но на таа функција останува до март 1969 година, кога повторно е повикан на работа во Белград, во новоформираното Извршно биро на ЦК на СКЈ. Во овој период Црвенкоски станува член на Претседателството на СФРЈ, а во периодот јуни 1971 – јуни 1972 е и потпретседател на Претседателството. Мандатот на член на Претседателството му завршува во 1974, по што повеќе нема да врши ниту една функција во Федерацијата или во Републиката.

Крсте Црвенкоски умира во 2001 година во Скопје, на 80 годишна возраст.

Крсте Црвенковски Омаж
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 21, 2026

Техеран ја предупредува Бугарија: Не им дозволувајте на САД да ја користат вашата територија за напади врз Иран

ВЕСТИ July 21, 2026

Иран денес ја предупреди Бугарија да не им дозволува на САД да ја користат нејзината…

Метео: Врел воздух од Сахара се движи кон Европа – температури и до 47 степени

July 21, 2026

Официјално: Гостиварчани пиеле фекалии од чешма од 26 јуни до 16 јули – водата содржела 48 пати повеќе колиформни бактерии од дозволеното

July 21, 2026

Привдена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани и двајца нејзини соработници

July 20, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.