Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Омбудсман: Промената на датумот за државна матура е спротивно на Закон

0
By Нова ТВ on April 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 19, 2016 13:24

Народниот правобранител остро реагира на поместувањето на датумот за полагање на државната матура на само еден месец пред завршување на редовната настава, што според него е спротивно на законот.

– Промената на рокот за полагање на државната матура од 4 јуни на 28 мај, во услови кога редовната настава за матурантите завршува на 20 мај, претставува груба повреда на правата на учениците, на кои исклучително им се скратува времето за подготовка за полагање на овој испит, со што уште еднаш се потврдува дека воопшто не се води сметка дали промената негативно ќе влијае на натамошното образование на ученикот, ако се има предвид дека оценките од државната матура битно влијаат на успехот на ученикот, а со тоа и добивањето на бодови за запишување на високо образовните институции.

Во овој контекст, успехот од државната матура може да биде одлучувачки фактор за тоа дали ученикот ќе се запише, или не на факултет, односно дали ќе го продолжи своето образование, како и дали висината на  партиципацијата ќе изнесува  200 или 400 евра во денарска противредност, факт што не е за занемарување, се наведува во соопштението од Народниот правобранител, и притоа се бара од министерот за образование веднаш оваа одлука да ја повлече.

Народниот правобранител јавно го критикува и нетранспарентното постапување на Министерството за образование и наука при донесувањето на оваа како што се неведува, противзаконска одлука за измена на роковите за полагање државна матура која е на штета на завршените средношколци, укажувајќи дека ниту со Законот за средно образование, ниту со Правилникот за начинот на полагање и оценување на резултатите на учениците на испитите во државна матура во гимназиското, стручното и средното уметничко образование не е предвидена  можност за промена на рокот/вите за полагање на државна матура, освен за поедини случаи, во кои не влегува изборниот процес.

Народниот правобранител смета дека одржувањето на предвремените парламентарни избори не треба да влијае на образованието на учениците, ниту да биде причина за промена на роковите за полагање на државната матура.

– Во случајот загрижува и тоа што учениците повторно ниту се прашани, ниту е побарано нивното мислење, иако станува збор за активност која директно се рефлектира на нив самите и нивното натамошно образование. Оттука, не само што со оваа одлука се повредува принципот на најдобриот интерес на детето, туку не се почитува ниту принципот на учество на децата, односно сослушување на нивното мислење на што обврзува Конвенцијата за правата на детето, се вели во соопштението.

државна матура Народен правобраните промена на датум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.