Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОМД бара повторно отворање на случаите од 2001 година

0
By Нова ТВ on April 22, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 22, 2013 08:47

Обединетата македонска дијаспора, најголемата организација на Македонците во странство, упати писмо до Хашкиот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија, во кое бара повторно отворање на четирите случаи за воени злосторства од 2001 година против поранешната Ослободителна национална армија, јавува МИА.

Во писмото се бара отворање на случаите со пронајдените човечки остатоци во Непроштено, со малтретирање на работниците од ГП Маврово, Липковската брана и водството на ОНА.

Според ОМД, причината што Хашкиот трибунал би требало да ги отвори овие случаи е непостапувањето по нив од страна на македонското судство.

– Македонија како млада демократија има судски систем кој се уште се развива, но јасно е дека македонското судство понекогаш не успева да ја спроведе правдата и да се држи до принципот на владеење на правото. Затоа, Хашкиот трибунал е единствената институција која што може да обезбеди правда и да ја спречи културата на неказнивост во Македонија, пишува во писмото потпишано од Методија Колоски, претседателот на ОМД.

Во писмото, се оценува дека Хашкиот трибунал донел погрешна одлука кога почнал процес само против дел од обвинетите од конфликтот од 2001 година, а решил наведените четири случаи да се вратат во Македонија.

ОМД оценува дека амнестирањето на случаи на воени злосторства и злосторства против човештвото не е во согласност со меѓународното право, кое не дозволува амнестирање на вакви дела.

– Врз основа на правилото на предност, Хашкиот трибунал треба да ги врати овие случаи во своја надлежност особено бидејќи релевантните национални власти се неспособни или не сакаат да ги процесираат случаите, оценуваат од ОМД.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија тврди дека Полска е вмешана во атентатот врз рускиот генерал

February 9, 2026

Социјалистот Антонио Хозе Сегуро убедливо победи на претседателските избори во Португалија

February 9, 2026

Албанија ја укина едногодишната забрана на „Тик-ток“

February 5, 2026

Американската амбасада во Приштина: Одлуката за Српската листа го поткопува партнерството меѓу САД и Косово

February 3, 2026

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026
ФОКУС
February 9, 2026

Скопје: ССМ повикува на блокада на пратениците пред собранието – утре, вторник 9:00

ВЕСТИ February 9, 2026

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) врз основа на заедничката Одлука на Претседателството на ССМ…

Утре во 9 часот почнува работнички протест со блокада на пратениците

February 9, 2026

НСПВ: Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани

February 8, 2026

Нови руски напади во Украина

February 8, 2026
ТИКЕР

Русија тврди дека Полска е вмешана во атентатот врз рускиот генерал

February 9, 2026

Социјалистот Антонио Хозе Сегуро убедливо победи на претседателските избори во Португалија

February 9, 2026

Албанија ја укина едногодишната забрана на „Тик-ток“

February 5, 2026

Американската амбасада во Приштина: Одлуката за Српската листа го поткопува партнерството меѓу САД и Косово

February 3, 2026

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.