Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОМД: Во Грција се злоупотребува правото на верска слобода

0
By Нова ТВ on March 19, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 19, 2013 11:23

Грчката влада веќе дваесет години го одбива барањето за дозвола да се изгради македонска православна црква во Аридеа (Соботско), а македонското малцинство во Грција секојдневно се соочува со комплексни процедурални казни.

Ова се посочува во најновиот извештај на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) „Злоупотреба на правото на верската слобода во Грција – со акцент на случајот на македонската православна црква“.

Во извештајот се истакнуваат примери на севкупната култура на злоупотреба на правото на верска слобода во грчкиот правен систем, искуството на имигрантите, турското малцинство во Тракија, како и случајот на македонската православна заедница во Егејска Македонија, пренесува МИА.

– Грчките свештеници одбиваат да крштеваат деца со македонски имиња, а лидерите на грчката православна црква, како што е митрополитот Антимос од Солун јавно поттикнуваат насилство врз Македонците. Свештениците, кои се вработени во јавниот сектор создаваат мрежа на информатори да координираат со државната полиција за да се потиснат сите човекови права на Македонците во земјата, се нагласува во извештајот.

Во Грција, се посочува, не постои поделба на црква и држава, и член 3 од Уставот ја дефинира грчката православна црква како „главна религија“ во целата држава.

– Според оваа дефиниција, членовите на грчкото православно свештенството се сметаат за државни службеници, а чинот на прозелитизам или кремирање е забранет. Самиот правен систем во Грција не дозволува верска слобода за други религии освен за припадниците на грчката православна црква. За ова сведочат големиот број на обвиненија против турските муфтии од Ксанти, кои обвиненија беа ослободени пред Европскиот суд за човекови права. Судбината на верниците на македонската православна црква во Грција е уште поочајна, потенцираат од ОМД.

Од ОМД потенцираат дека извештајот ќе биде доставен до челеновите на американскиот Конгрес, на Стејт департментот, како и на австралискиот, канадскиот и бројни европски парламенти и изразуваат надеж дека „Атина конечно ќе воспостави еднакви верски слободи за сите грчки државјани и жители“.

– Ќе продолжиме гласно да зборуваме во име на безгласните вески малцинства во Грција, изјави претседателот на ОМД, Методија А. Колоски.

Претставникот на ОМД во Грција, Евгенија Нацилиду, додаде дека во Грција покрај економската криза има и социјална криза.

– За ова сведочи подемот на агресивната фашистичка политика во грчкиот Парламент, како и подемот на тактиките на заплашување. Некои од новосоздадените фашистички елементи тесно соработуваат со грчката православна црква. На грчкото општество му се заканува ксенофобија и нетолеранција, а ние во ОМД напорно работиме за подигање на свеста во Европа и во светот за социјалната ситуацијата во Грција, вели Нацилиду.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026

Австралија им даде азил на пет ирански фудбалерки

March 10, 2026

Партијата на Орбан поднесе предлог закон за задржување на конфискуваните украински пари и злато

March 9, 2026
ФОКУС
March 12, 2026Updated:March 12, 2026

Рочиште „Пулс“: Објектот воопшто не ги исполнувала безбедносните противпожарни норми

ВЕСТИ March 12, 2026

Немало доволно ПП апарати, хидрантот за вода бил празен, немало црево, ниту аларми за пожар.…

Иран ја префрла војната на море – напаѓа во Заливот

March 12, 2026

ССМ: 14-ти март сите заедно протестираме за плата!

March 11, 2026

Атина: Грција воведува плафон на цените на горивата и во супермаркетите

March 11, 2026
ТИКЕР

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026

Австралија им даде азил на пет ирански фудбалерки

March 10, 2026

Партијата на Орбан поднесе предлог закон за задржување на конфискуваните украински пари и злато

March 9, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.