Изработени се 50 примероци (од клиника и пунктови) позитивни на SARS CoV-2 со RT -PCR ( три гена) од Скопје, Кавадарци, Тетово, Охрид, Струга, Кочани, Велес, Св. Николе, Штип, Виница и Гевгелија
Подваријантата на вирусот омикрон, БА2, односно стелт, е откриена уште кај 20 инфицирани со вирусот чии примероци биле испитувани во периодот од 14 февруари до денеска, додека 29 пациенти се позитивни на омикрон варијантата на вирусот БА1, потврдуваат за НОВА ТВ од Институтот за јавно здравје.
– Изработени се 50 примероци (од клиника и пунктови) позитивни на SARS CoV-2 со RT -PCR ( три гена) од Скопје, Кавадарци, Тетово, Охрид, Струга, Кочани, Велес, Св. Николе, Штип, Виница и Гевгелија. Примероците се пристигнати за тестирање во лабораторијата во периодот од 14.02 до 21. 2. 2022. Од нив, 29 се позитивни на Омикрон варијантата на вирусот БА1, додека 20 примероци се позитивни на БА2 подваријантата на омикрон – стелт, се вели во најновиот извештај од Лабораторијата за вирусологија при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Таму денеска е изведен ПЦР тестот базиран на Single Nucleotide polymorphism – со користење на Vir SNiP SARS CoV 2 Spike S371L S373P за детекција на варијанти на SARS CoV-2.
Пред околу три недели беа потврдени првите пет случаи на омикрон-стелт во нашата земја, а во минатата недела оваа подваријанта, БА2, беше потврдена кај уште тројца инфицирани – кај двајца од Скопје и кај еден од Струмица.
(Љ.Б.)