Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОН: Дебата за човековите права во Македонија

0
By Нова ТВ on January 30, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 30, 2014 11:21

Денес, од 14:30 до 18:00 часот, Советот за човекови права при ООН ќе одржи седница во Женева на која ќе расправа за состојбата со човековите права во Република Македонија.

Седницата ќе се емитува во живо на: http://webtv.un.org. Расправата ќе се одвива во рамките на новиот механизам наречен „Универзален периодичен преглед“ преку кој се испитува почитувањето на човековите права во сите 193 членки на ООН.

Во 2009 година, за време на првиот преглед, Република Македонија прифати и се обврза да спроведе 42 препораки упатени од страна на 30 членки на ООН. За време на денешната седница, државата ќе биде претставувана од страна на Игор Џундев од Министерството за надворешни работи, соопштува Хелсиншкиот комитет.

Господинот Џундев ќе извести за преземените активности за спроведување на прифатените препораки и ќе одговара на прашања поставени од страна на делегати од земјите членки на ООН. Извештајот од седницата, во кој ќе бидат вклучени и нови препораки за државата, ќе биде поднесен на усвојување во вторник, 4 февруари, од 16:30 до 18:00 часот.

По добиените препораки од 2009 година, Хелсиншкиот комитет одблиску ги следеше активностите за исполнување на преземените обврски. Покрај активно учество на консултативните седници организирани од страна на државата, Комитетот (во рамките на 3 коалиции составени од над 20 здруженија на граѓани) работеше на независни извештаи за реалните состојби со човековите права во Македонија.

Во 2013 година, извештаите беа доставени до Канцеларијата на Високиот претставник на ООН за човекови права, а претставник на Хелсиншкиот комитет презентираше дел од наодите за време на подготвителната седница за Универзалниот периодичен преглед во Женева. Извештаите се дистрибуирани и до голем број на држави членки на ООН и се очекува да бидат користени од страна на нивните делегати за време на денешната седница.

Иако според извештајот на државата се добива впечаток дека најголемиот дел од препораките се спроведени, здруженијата на граѓани во споменатите коалиции се согласни дека генерално постои застој во унапредувањето на состојбата со човековите права во Македонија.

Особено загрижувачки е фактот што споредено со 2009 година, дополнително е загрозено уживањето на основните права и слободи од страна на граѓаните во областите: слобода на медиуми, независно судство, сиромаштија, образование, права на деца и жени, семејно насилство, ЛГБТ заедница, избори, услови во затвори и притвори, и вербалните и физички напади врз граѓански активисти и бранители на човекови права.Сите овие теми се очекува да се најдат на дневен ред на денешната седницата на Советот за човекови права при ООН во Женева.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.