Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОН: Ги повикуваме властите на истрага за Младенов

0
By Сашка Цветковска on June 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 21, 2013 11:25


Специјалниот известувач на ОН за медиуми Франк Ла Ру, со загриженост ги констатираше застрашувачки тенденции во сферата на медиумите.

Генерално позитивнaта легислатива која не успева да се спроведе во пракса од страна на судската и извршната власт- ова беше главната забелешка на Ла Ру која ја илустрираше преку: примерите со затворањето на А1 ТВ, загинувањето на Никола Младенов и затворањето на Фокус, притворот на новинарот Томислав Кежаровски, отпуштањето на синдикалната лидерка Тамара Чаусидис, како новинар од Алсат, владините реклами, нефунционалноста на законот за пристап на информации и етикетирањето на новинари критични кон власта и состојбите во Македонија.

Ла Ру пренесе дека не бил задоволен од одговорот на надлежните институции зошто нема истрага за смртта на Никола Младенов и дека според него не може овој случај да се третира како вообичаена сообраќајна несреќа:

– Ги повикувам надлежните македонски органи да започнат темелна истрага за овој ноторен случај со цел бргу да се распрсне облакот на сомнеж и страв што беше создаден со трагичната смрт на г-динот Младенов, рече Ла Ру.

Специјалниот претставник на ОН за медиуми уште еднаш истакна дека е недозволиво Кежаровски да биде во притвор за новинарски текст:

– Неговиот притвор дава уште еден негативен сигнал за состојбите на слободата на медиумите во оваа земја. Употребата на притвор за решевање на случај на откривање на заштитен сведок во статија од весник е јасно непропорционал но за овој чин и јас особено жалам што властите дури и го одбија моето барање да се сретнам со г-динот Кежаровски за време на мојот престој, порача Ла Ру.

Тој иако ја оцени декриминализацијата на клеветата како позитивен чекор, информираше дека остануваат сериозни проблеми со новата рамка, бидејќи како пто рече, обвинувањата за клевета продолжуваат да се множат и претставуваат товар врз функционирањето на некои критички медиумски групи.

– Бев информиран за последните обвинувања против неделникот Фокус, неговиот уредник и новинар, за тоа што пренеле изјава од поранешниот амбасадор на земјата во Чешка. За судовите е сосема несоодветно да разгледуваат тужби за клевета во врска со пренесување изјави на државни функционери или трети страни.

Се чини дека истата медиумска група многу пати била цел и на други тужби за клевета, во врска со нејзината истражувачјка работа, реферираше Ла Ру за случајот Мијалков против Фокус.

Во однос на имплементацијата на законите, Ла Ру истакна дека зголемувањето на бројот на членови во Советот за радиодифузија од 2011 год. ја поткопува политичката независност на ова регулаторно тело.

Тој посочи и на се почестиот молк на иснтитуциите, во барањата за слободен пристап за информации. Како негативен пример кој не влева храброст кај новинарите го истакна и отпуштањето на Тамара Чаусидис од Алсат, нагласувајќи дека со овој потег на оваа ТВ е прекршен законот.

На прашањето на НОВА за владините реклами но и за последното етикетирање на директорот на ЗНМ во текст на државната агенција МИА, Ла Ру одговори:

– Доаѓам од земја (Гватемала) каде критичките гласови често се нарекуваат предавници на државата , така што јасно ми е за каква пракса станува збор и знам дека таквите етикети се однесуваат на личности и новинари кои се критични кон работата на власта.

Во однос на владините реклами, употребата на јавните средства мора да биде отворена за детален увид, за да се избегне злоупотреба на овие средства во промоција на наклонетите медиуми, на штета на критичките медиуми.

Ла Ру порача дека ќе ги следи случувањата околу подготовката на новиот Закон за медиуми, кој го смета за ризик од влошување на правната рамка и истакна дека засега не видел сличен закон во светот.

Ла Ру исто така рече дека се случиле и други загрижувачки настани во последните години, како затворањето на А1 и весниците Шпиц, Време, Коха, што според него било јасен несразмерен одговор од страна на властите за сторените кривични дела.

Извештајот на ОН за медиумите за Македонија во целост ќе биде презентиран пред Советот за човекови права на ОН, во јуни 2014 а дотогаш ќе се набљудува состојбата за слободите на медиумите.

Ла Ру како известувач на ОН за медиумите, дојде на покана на Владата на Македонија и имаше средба со министерот за надворешни Попоски, министерката за внатрешни Јанкулоска, министерот за информатика Ивановски, министерот за правда Беџети, претседателот на Собранието Вељановски, јавниот обвинител Зврлевски и претседателот на Врховниот суд Неделковска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.