Последниот извештај на меѓународната научна група го потенцираше човековото дејствување како најголема причина за глобалното затоплување.
Извештајот на ОН спонзориран од Меѓувладиниот панел за климатски промени (ИПЦЦ) користи цврсти зборови во однос на ова прашање, тврдејќи дека крајно веројатно е дека затоплувањето е предизвикано од човекот.
Извештајот кој содржи 2 000 страни, нема да биде објавен до понеделник, но потврдено е дека кратко резиме со клучните наоди ќе биде презентирано на состанокот на ИПЦЦ во Стокхолм, Шведска во петок.
Во своите претходни проценки, во 2007 година, групата исто така напомена дека „многу веројатно“ глобалното затоплување да е вештачки предизвикано. Тие сега сметаат дека доказите се зголемени благодарение на уште повеќе и подобри набљудувања, на појасното разбирање на климатскиот систем и подобрите модели за анализа на влијанието на зголемените температури.
„Нашите научни проценки покажуваат дека атмосферата и океаните се затоплени, количината на снег и мраз се намалени, глобалното ниво на морето е зголемено, како и концентрациите на стакленички гасови“, изјави Кин Дае, од групата која го објави извештајот.