Конечно постигнат договор за предлог-резолуцијата на ОН за Сирија
Со 14 гласа ЗА, конечно Советот за безбедност на ОН ја усвои првата во историјата Резолуција, која има за цел зајакнување на меѓународната правна база во борбата против илегалната трговија со лесно и огнено оружје. За резолуцијата гласаа 14 од 15 земји членки на советот, а само Русија беше воздржана.
Предлог-резолуцијата што беше подготвена од Австралија, ги повикува земјите да помогнат во напорите за разоружување на земјите по вооружен конфликт, како и за контрола и чување на оружјето.
Документот предупредува на последиците од илегалната трговија со оружје за безбедноста на цивилите и заштита на човековите права. Освен тоа, документот ги повикува земјите членки на ОН да се приклучат кон Конвенцијата за борба против меѓународниот организиран криминал, а исто така да го потпишат и ратификуваат Меѓународниот договор за трговија со оружје.