Денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на штедењето (31 октомври) со онлајн настан во организација на Македонската банкарска асоцијација (МБА).
Според најавата, одбележувањето ќе се одржи во хибриден формат, а ќе се обратат претседателка на МБА, Маја Стевкова-Штериева, министерот за финансии, Фатмир Бесими, вицегувернерка на Народната банка, Ана Митреска и директорот на Фондот за осигурување на депозити, Амир Шабани.