Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оној што ти вели „после ова решение ќе бидам политички мртов”, тој работи за тебе, граѓанину!

0
By Marija Todorovska on June 20, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 20, 2024 10:44

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Ајде веднаш на почеток да се обидам да демистифицирам една работа. Поточно, да кажам многу попрецизно за што станува збор.

Имено, се работи за две теми: првата, Заев и Ципрас во Атина, и втората, мандатарот за новата Влада во Република Северна Македонија.

Да одиме најпрво со последната тема, онаа тема која е дел од новиот мандатар за Влада. Ама ќе одиме на следниот начин:

Како просечен македонски граѓанин ја гледа неговата земја? Или да го парафразирам Рејмон Карвер, „За што зборуваме кога зборуваме за С. Македонија”: тавче на гравче, сарма, убава и традиционална кујна, малку фудбал, малку (или многу) евтин патриотизам, оти, нели, „сите сме Македонци”, целогодишни имендени и куќни слави, на тоа озгора го зачинуваме со турбо-пропаганда… И стандардниот пркос кон соседите грабливци кои се намерачиле да нè распарчат. На крај, сето заедно „облагородено” со многу кукање и самооплакување. Тоа, генерално, е целото духче на „еманципираниот Македонец”.

Е, сега, дали ние кои зборуваме и се појавуваме во медиумите сме направиле доволно за да не биде така, се плашам дека одговорот би бил негативен. Победија стереотипите и лудачката пропаганда на мејнстрим медиумите. Само погледајте ги бројките од изборите и сè ќе ви стане јасно: масовно е изгласана десничарска партија која во својот корен е организирана како дисциплинирана (а со тоа и репресирана?) армиска формација.

Така што кога на ова ќе додадете и еден менталитет кој е форматиран што единствено сфаќа централизирана демократија, како што сфаќа и тоа дека постои централизирана јавност, ситуацијата станува неописиво глупава и тупава.

Знаете ли дека Локалните самоуправи, на пример, не можат да купат „две пенкалца” ако не добијат некакво одобрување од Скопје? Централизацијата не е само „централизација на моќта”, туку пред сè се работи за централизација на парите, на ресурсите од секоја можна природа.

Ме разбирате ли дотука зошто Мицкоски „собра сè”? Па, подобро би било за вас да ме разберете пред да го разберете него лично. За таквото непријатно искуство јас не можам да ви помогнам затоа што вие тоа го баравте и вие тоа масовно и брзоплето го изгласавте. Сега може слободно да се препуштите на конфаболирањата – „Кој е оној што го има бројот на шефот”?

Еве што, пак, се случи во Атина: ни се објасни на убав и експлицитен начин како двајца лидери на политички партии направија Коперникански преврат за решавање на идентитетски спор. Заев, во само нему својствен стил, ни признава дека двајцата лидери се свесни дека после решението на спорот возможно е да станат „политички мртовци” во своите земји. За да влезеш во таков рискантен процес, навистина треба да имаш „два пара воловски јајца”, и во некоја смисла директно и в глава им одиш во пркос на „статус кво” струите во земјата.

Или да речеме вака: имате триесетгодишен Кинески sид помеѓу две земји, прилично бесмислен и илузионистички. Само храбри и одбрани, со големо политичко искуство, чувство за контекст, успеваат да ни го решат спорот. Вие на тоа, во земјата хистеризирате и полудувате. Не затоа што не би направиле исто кога би можеле, ами обратно: ќе направите ништо, ама во свеста на џепарошите и шверцерите, заедно со сите изгубени и пронајдени души кое местото Македонија ги собира, од Заев претворија историска личност вредност за почит и гордост.

Со овој пример, сакам да опишам неколку работи: не им верувајте на оние кои велат дека би го направиле „истото, само подобро”. Првиот аксиоматски предуслов за доверба е следниот: оној што ви решава тридецениски спор на сопствена штета, работи за тебе, граѓанину! Оној што ти го враќа она кое ти е одземено: граѓанските права и сите врсти на слободи, работи за тебе, граѓанину!

А оној што ви нуди помалку од тоа, работи за него, или за себе, што претставува клучна разлика.

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline

Ненад Јовановиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.