Балканските метрополи доминираат на врвот на табелата во Европа според продажба на прехранбени производи кои содржат транс-маснотии опасни по здравјето, јави дописникот на МИА од Гетеборг.
На самиот врв е Сараево со 82 производи во продажната мрежа. Следи Скопје со 41 производ, Белград со 32, Загреб со 29, Подгорица со 23 и Љубљана со 20 производи од споменатата ризична категорија.
Транс-маснотии се вегетабилни, незаситени маснотии кои имаат поцврста конзистенција и подолга трајност преку заситување на вештачки начин. Ризиците поврзани со транс-маснотии повеќе не се сметаат за контроверзни.
Една студија изготвена на Харвард покажува дека веќе од 2007 година 200.000 смртни случаи врз основ на срцев инфаркт можеле да бидат избегнати во САД секоја година доколку транс-маснотиите биле сосема отстранети, пишува „Свенска дагбладет“.




