Земјотрес со јачина од 7,2 степени по скалата на Рихтер вечерва го погоди брегот на Фиџи, јави американскиот Институт за геолошки истражувања. Епицентарот на потресот е на 221 километар југоисточно од Нади, гратче во централниот дел на малата островска држава во Пацификот, и на 15,2 километри длабочина.
Надлежните веднаш издадоа предупредување од можна појава на цунами што би можело да ги погоди сите области на оддалеченост од 300 километри од епицентарот.