Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Операција попис: Колку треба да сме, за да сме токму

0
By Биљана Секуловска on January 23, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 23, 2021 11:53

Се разбира дека пописот е политичка, подобро партиска, а не статистичка операција, како се што и досега било кај нас. Арбр Адеми од ДУИ крика дека нема да ги признае резултатите од пописот ако Албанците се помалку од 20 проценти. Заев, како и Пендаровски претходно, веднаш ги смири духовите и порача дека “никој нема право да задира во веќе срекнатите права, малцинските права остануваат, можат само да е развиваат”. Но, интересен е податокот кој го изнесе Адеми- бројот на учениците во 2017/2018 бил 64.22 проценти Македонци, додека ученици- Албанци биле 32.15 проценти.

Во исто време, Мицковски повикува на бојкот на пописот, бескрајно загрижен за правата на неговата партија- дали нивните барања ќе бидат прифатени. Парадоксот оди и понатаму- и Црквата, преку владиката Петар, се закани со бојкот, ако нема графа за верска, освен за национална припадност во пописните листи. Затоа, лично министерот за правда Маричиќ мораше да го смирува- “ќе има графа- за доброто на државата, повикајте ги верниците масовно да го поддржат пописот”. Образложението на владиката Петар е дека сериозно биле заинтересирани да знаат колку се православни во Македонија, колку муслимани, колку припадници на другите верски и религиозни деноминации.

Очајот на Заев, Пендаровски и Маричиќ е јасен- грижата на Адеми, Мицковски и владиката Петар за партиските,  етничките и верските права ги надминува сите нормални парадокси, во историски рамки. Затоа што, во поинаква ситуација, оваа партиско-верска тројка, Адеми, Мицковски и владиката Петар, би биле загрижени за суштинските проблеми во оваа земја- на нивните партиски, етнички и верски членови и следбеници.

Тоа се едноставни прашања кои ќе бидат поставени на пописот, но кои задираат во сржта на правата на достоинствен живот. Дали Албанците, Македонците- членови на ВМРО-ДПМНЕ и православните имаат доволно храна, затоа што во оваа земја не е одамна прашањето- дали се има воопшто храна, а не дали е доволно квалитетна.

Дали Албанците, Македонците- членови на ВМРО-ДПМНЕ и  православните, живеат во тешки услови, во импровизирани живеалишта, дали имаат греење во во таа една просторија кај што се сите натуткани, дали воопшто можат да си дозволат греење, питка вода, канализација? Дали имаат пари да си купат нова греалка или ќе мора да крадат, за да палат повторно автомобилски гуми за да се стоплат? Дали живеат секој ден во надеж дека водата што ја пијат нема да биде повторно помешана со канализациската? Дека ќе можат барем еднаш да си дозволат да купат лекови? Дали лебот ќе биде доволен доколку сте партиски и верски определени?

Дали Албанците, Македонците, членовите на ВМРО-ДПМНЕ и православните можат да си дозволат школување, колку се оддалечени тие училишта од нивните села и планини, дали можат соодветно да се облечат додека патуваат со километри до школските клупи, дали имаат можност да се прехранат за време на школските одмори?

Што е поважно- да сте биде Албанец, Македонец, член на ВМРО-ДПМНЕ, православен, или  овие прашања кои не се атрактивни, за жал- за партиската машинерија на Мицковски и Адеми, но и за онаа еднакво тврдокорна, религиска, на владиката Петар. Навистина, се е политика, како што велеше Брехт- и лебот кој го јадеме, и воздухот кој го дишеме, и лековите со кои се лечиме:

“Најлошиот неписмен е политички неписмениот, тој не слуша, не зборува, ниту учествува во политичките настани. Тој не ги знае цените на животот, цената на гравот, рибата, брашното, киријата, обувките и лекот, сè зависи од политичките одлуки. Политичкиот неписмен е толку глуп што е горд и се бувта во гради, велејќи дека ја мрази политиката. Имбецилот не знае дека од неговото политичко незнаење, се раѓа проститутката, напуштеното дете и најлошите крадци од сите- лошиот политичар, корумпиран и сервилен на националните и мултинационалните компании”.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.