Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Опозиција: Наредба на администрацијата во Охрид- да гласа за ВМРО-ДПМНЕ

0
By Нова ТВ on April 25, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 25, 2014 19:52

Охридската опозиција со обвинувања дека вработените во Јавните претпријатија во Охрид и локалната администрација им било наредено во недела на гласачките места да се појават до 10 часот и да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.

“На последниот ден од кампањата вршат притисок врз вработените. Ги повикуваат еден по еден во Јавните претпријатија и им кажуваат да излезат на гласање до 10.00 часот и да гласаат за нивната политичка партија, затоа што ако не направат така после избори ќе си имаат проблем.

Знаејќи го ова, но и тоа со кого имаме работа, како ВМРО НП око не ни трепнува. Токму поради тоа ние работевме по многу поинаков план“, рече носителот на изборната листа на ВМРО- НП за 5-та та изборна единица, Ванчо Костоски.

Костоски рече дека најголема лага која од ВМРО ДПМНЕ му ја пласирале на народот и на нивното членство била дека по изборите ќе имало вработувања, затоа што како што кажа од 2015 година земјава ќе морала да ги враќа кредити во висина над 700 милиони евра. Дејан Блажевски претседател на ЛДП Охрид праша со што придонел Антонио Милошоски и кандидатите за пратеници за Охрид.

“Од распределбата на средства по општини од Агенцијата за патишта која што се врши според определените критериуми и методологии во кои влегуваат број на возила, број на улици, број на потрошено гориво, Општина Охрид е осакатена за околу 2.500.000 евра. Ова го зборувам затоа што по таа методологија, Општина Охрид треба да добива годишно по 30.000.000 денари. Општина Охрид во последниве осум години добива од 7 до 9 милиони денари на годишно ниво. Тоа не значи никаква љубов кон градот туку само лажно продавање на магла од кандидатите за пратеници“, изјави Блажески.

“Како можеме да им веруваме на луѓе кои што ни тврдеа дека нечиви згради тонат, дека од трет спрат ќе стигнат на прв спрат. Ќе погледнете дека кај Билјанини Извори зградите се се уште тука, не лажеа дека ќе не поплави езерото и што ли уште не. Тие луѓе немаат кредибилитет да бараат повторен мандат. Уште повеќе немаат кредибилитет да бараат повеќе мандат новите кандидати за пратеници на оваа листа, односно Сашо Василевски и Љубен Арнаудов.

Дваесет години се трудиме да го опоравиме здравството во Македонија, меѓутоа последните осум години знаете што се случуваше со болницата во Охрид. Зошто не признаат колку тужби имаат од хирурзите и анестезиолозите за ненавремено испалќање на дежурства?

Зошто не кажат дека немаат стручен кадар кој што знае да управува со апаратите дури и нестручните луѓе го упропастија и 4Д апаратот. Зошто не кажат дека компјутерскиот систм кој што го воведоа е катастрофален и го отежнува редот и работата на лекарите.

Г-дине Сашо Василевски, ова го знаат вашите колеги и вашите пациенти, а вие до утре можете да тврдите и да промовирате проекти како „Ало, докторе“ “, истакна Блажески.

Она што сакаме да го предупредиме е дека на 27 април од страна на СДСМ можни се црни сценарија со кои би се нарушил изборниот процес со што намерата би била изборите да бидат прогласени за невалидни рече Александар Николоски кандидат за пратеник од ВМРО ДПМНЕ

“СДСМ соочени со фактот за нивниот пораз на престојните претседателски и парламентарни избори би можело да наведат на одредени црни сценарија од типот: снемување на фломастери за обележување, насилно туркање на избирачки кутии, фотокопирани избирачки ливчиња, лажни идентификаии и сл. Исто така целта на ДУИ е да не успеат претседателските избори и ВМРО-ДПМНЕ да нема 63 пратеници за Македонија да биде уценета“, истакна Николоски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.