Published: Saturday, October 19, 2013 21:55
Ниту еден од предложените амандмани не беше прифатен на денешната Собраниската Комисија за финансирање и буџет, која расправаше по предложениот ребаланс на Буџетот за 2013 година.
Амандмани на предложениот ребаланс поднесе пратеничката група на ДПА, додека СДСМ најави дека нема да гласа за предложениот ребаланс и дека нема да поднесе амадмани.
Расправата по Предлог реабалансот на Буџетот за 2013 година во Комисијата за финансирање и буџет почна на 7 овој месец. Со предложениот ребаланс се додаваат средства на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и на Министерството за образование и наука.




