Собраниската Комисија за финансирање и буџет од утре ќе започне со разгледување на Предлог-буџетот за 2014 година и 684-те амандмани поднесени од опозициските партии. Рокот за поднесување амандмани заврши вчера.
Најмногу амандмани за буџетот за идната година има поднесено СДСМ – 316, НДП 178, ДПА 150, ПЕИ 33 и НСДП седум.
Се очекува претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Марјанчо Николов, според најавите, да одржи координација за текот амандманската расправа.
Вчера кооринаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Силвана Бонева изрази убедување дека претседателот на Комисијата за финансирање и Буџет ќе работи согласно со новите правила утврдени во Деловникот за работа на Собранието, каде што јасно има дадено 10 работни дена каде што Комисијата може да работи и да го искористи целото време за амандманска расправа и за општ претрес и 5 дена на собраниска седница.




