Опозициската, Демократската партија на Албанија го бојкотира Парламентот како знак на незадоволство, бидејќи владејачката коалиција предводена од социјалистите ги игнорира нивните предлози.
Лидерот на демократите Љуљзим Баша вчера ја објави одлуката за бојкот, кога Парламентот ја почна работата по летните одмори. Се уште не е познато колку ќе трае бојкотот.
Тие очекуваат овој потег да има влијание врз Собранието, бидејќи владејачката коалиција има мнозинство од 84 гласа во Парламент кој има 140 пратеници. Баша најави дека неговата партија ќе ги оспори пред Уставниот суд сите закони, усвоени во нивно отсуство.