Опозицијата веќе имала заеднички консултативен состанок, пишува „24.hu“ повикувајќи се на свои извори.
Инаку, тие не прифаќаат Груевски да биде заштитен во нивната земја, бидејќи е осуден на издржување затворска казна во Македонија и не ги исполнува условите за азил.
Канцеларијата за имиграции и азил на Унгарија соопшти дека по стапување во сила на т.н. Стоп Сорос закон против мигранти, од 1 јули па се до 21 ноември тие примиле вкупно 165 барања за азил, од кои 88 биле одбиени, процедурата за 65 се уште трае, а 8 биле повлечени, објави порталот „Индекс“.
Позитивен одговор бил даден на четворица апликанти, од кои еден е експремиерот Никола Груевски кој во Македонија е осуден на две годишна затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО.
Унгарскиот Стоп Сорос закон предвидува секој што влегол во Унгарија од таканаречена безбедна земја, дека не може да добие азил. Но, експремиерот на Македонија, Никола Груевски доби азил за само неколку дена, иако според информациите тој во земјата влегол преку Србија која унгарските власти ја сметаат за безбедна земја.




