Пожарот кој избувна попладнево во 17 часот и 20 минути во објектот „Жито Битола“, вечерва во 20.00 часот е ставен под контрола.
Според податоците од заменик командирот на ТППЕ Битола, Горан Димкоски, екипите на противпожарната единица во моментот вршат догаснување на делот од главната зграда, кое најверојатно ќе трае до утринските часови, напишаа меѓу другото од општина Битола на својата официјална ФБ страна, споделувајќи и неколку фотографии од остатоците по страотната огнена стихија.