Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Општина Центар ја отвори втората читална “Ацо Шопов“

0
By Нова ТВ on April 9, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Општина Центар вчера ја отвори втората читална на своја територија под името „Ацо Шопов“, еден од основоположниците на современата македонска книжевност.

На отворањето, присуствуваа личности од јавниот живот, академици.

Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски рече дека живееме во период кога се отвораат коцкарници и обложувалници и тука младите, за жал го минуваат своето слободно време.

Општина Центар, рече тој, ја остварува својата заложба на отворање на вакви “храмови“, каде што граѓани од сите генерации може да дојдат и да прочитаат убава книга.

“Да го зачуваме она што се губи кај нас. Кога се одлучивме да ја отвориме читалната Славко Јаневски, најдовме едвај десеттина книги од Славко Јаневски. Денес има над 200 изданија. Тоа е идеата и со втората читална – Ацо Шопов. Нема многу наслови, но ќе дојдеме до посакуваното ниво“, рече Жерновски, заблагодарувајќи му се на академик Томе Серафимовски за огромната поддршка.

Благодарение на Серафимовски, освен со книжен фонд е збогатена и со три скулптури – портрет во бронза на Ацо Шопов, Блаже Конески и Рајко Жинзифов, како и со 101 книга.

Академик Серафимовски, како што рече самиот, е обземен од задоволство, бидејќи во ова време-невреме, време на разнебитување на македонската држава и култура, овие благородни работи, создадени од општина Центар мораме да ги поддржуваме.

Читалната Ацо Шопов има фонд од 2.000 книги од сите жанрови, зачленувањето во читалната е бесплатно, а таа се наоѓа во Т.Ц. Беверли Хилс во Капиштец, на првиот спрат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.