Општина Центар обвинува дека централната власт врши блокада врз работата на општината со одземање на лиценцата на агенцијата за времени вработувања преку која оделе дел од вработувањата во општината, со што по автоматизам од денеска се без работа 32 вработени во општината.
-32-ца вработени од општина Центар од денеска се на улица. И втората агенција преку кои одеа времените вработувања е известена од Владата дека и е одземена лиценцата за работа, што значи не можат да се продолжат договорите со овие лица.
Обезглавени се повеќе сектори,а градоначалникот Андреј Жерновски останува без својот комплетен Кабинет, помошници раководители на сектори, секретарка .
Општината ќе биде блокирана, бидејќи од денеска не се на работа и лица кои се примени од претходното раководство, а работеа на просторно уредување и планирање, осветлување, зеленило.
Од денеска нема кој да ја одржува и хигиената, бидејќи и хигиеничарките остануваат без работа.
На улица е и одговорното лице за народната кујна во Маџир Маало, се вели во писменото соооштение на Општина Центар.




