Општина Центар ја продолжува реализацијата на проектот за обновени енергетско-ефикасни фасади.
За овој период, од доаѓањето на новото раководство на општината, завршени е фасадирањето на две згради, а за оваа година обезбедени се средства, испланирана е изведба на уште 11 нови, енергетско-ефикасни фасади на колективни станбени згради во повеќе урбани заедници на територијата на општина Центар.
.jpg)
Веќе е започната обновата на фасадата на зградата на булеварот Илинден, а планирани се нови фасади и на згради на булеварите св. Климент Охридски, Рузвелтова, Мито Хаџивасилев-Јасмин и на улиците Борка Талески, Цицо Поповиќ, Пиринска, Иван Милутиновиќ, 11 Октомври и Рајко Жинзифов.
Проектот предвидува обновени фасади со термичка изолација, задржување на првобитниот лик на зградите, освежен со нови бои.
По реконструкцијата, заштедите на сметките за топлинска енергија ќе бидат намалени за една третина.
На јавниот повик се пријавија 32 колективни станбени згради кои обезбедиле прелиминарна согласност за промена на прозорците и балконските врати од најмалку од 70% од станарите.
Ова значи дека работите се изведуваат по претходна добиена согласност од сопствениците на станови.
Со ова се реализира едно од изборните ветувања на градоначалникот Жерновски и советничката група на коалицијата Сојуз за Иднината, предводена од СДСМ.




