За десеттина дена ќе биде завршена санацијата на потпорниот sид кој се урна во четвртокот, во раните утрински часови, во дворот на градинката Кочо Рацин – клон Панорама, соопштуваат од општина Центар.
Надлежните во општина Центар ќе пристапат кон кршење на остатоците од ѕидот и веднаш ќе се пристапи кон изградба на нов, сериозно армиран потпорен ѕид со појаки темели.
.jpg)
-Родителите се сигурни дека нивните деца се безбедни, а објектот во ниту еден момент не беше затворен за работа, потенцираат од општината.
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски изјави дека ќе се стави крај на урбаното дивеење на Водно, кое тринаесет години ја доведува во опасност стабилноста на мегаломанските објекти и сигурноста на жителите.
.jpg)
Општина Центар веќе стапила во контакт со катедрата за геомеханика при Градежниот Факултет во Скопје, за да се изработи студија за геомеханичката стабилност на областа Тасино Чешмиче, а од ИЗИС ќе се побара анализа за носивоста и за живоста на земјиштето.




