НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Општините Сарај, Аеродром, и Гостивар ќе чекат решение после формирање на влада – Проф. Давитковски: Се прекршува Уставот!

0
By Marija Todorovska on June 20, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието на дневен ред нема да ја има измената на Законот за локална самоуправа, барем не неделава,  која се очекуваше да претрпи измени за да се избегнат избори во три општини во земјата.

Станува збор за општините Сарај, Гостивар и Аеродром, каде едниот е од на Европскиот фронт и актуелниот градоначалник на општина Сарај, Блерим Беџети, кој одлучи да остане во Собранието како пратеник, другиот е Тимчо Муцунски, кој е градоначалник на општина Аеродром, а сега кандидат за министер за надворешни работи и надворешна трговија, и Арбен Таравари градоначалник на општина Гостивар, кој одлучи да раководи со Министерството за здравство.

Рамадани: Ќе има предлог, откако ќе се обезбедат бројките и мнозинство со Бадентер

Доколку градончалник на општина ја напушта функцијата по изминат повеќе од половина мандат, во тој случај Советот да избере вршител на должност до следните избори. Вакви измени на Законот за локална самоуправа се спекулираше дека ќе предложи коалицијата „ВЛЕН“ за да се избегнат локални избори во општините каде што градоначалници стануваат министри или пратеници.

ЦИВИЛ Медиа се обрати со прашање до потпаролот на Алијанса за Албаниците на Таравари, Блерант Рамадани за тоа до каде е постапката по ова прашање во Собранието.

„Ова прашање е оставено за дискусија после формирање на владата, ако се обезбедат бројките и мнозинството со Бадентер, тогаш ќе има предлог“, рече кусо Рамадани.

Мицкоски и Таравари на иста линија – Мислат на граѓаните!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски изјави дека по гласањето за новата влада ќе се посвети, меѓудругото, и на прашањето за измени на Законот за локална самоуправа бидејќи неколкумина градоначалници ќе станат министри во неговата влада. Мицкоски рече дека подобро е тоа да се реши на елегантен начин отколку да се трошат милиони народни пари.

Мандатарот вели дека тој не би сакал да се трошат парите на граѓаните на дополнителни избори.

„И можеби е во наш интерес да има избори и да ја потврдиме уште еднаш и да докажеме дека ВМРО-ДПМНЕ е убедливо најголемата политичка сила во Македонија. Но, зошто да трошиме милиони народни пари кога можеме тоа да го решиме на елегантен начин“, рече Мицкоски.

Таравари: Мислам дека само правиме трошоци

Во интервју за „Топ тема“, Арбен Таравари, кој од позицијата градоначалник на Гостивар треба да седне во министерската фотелја во здравство, вели дека причината за вакви измени е рационално постапување.

„Ако се оддржат предвремени локални избори ќе треба во ноември или декември оваа година, а редовните избори се некаде септември, октомври следната година. Имајте предвид дека за 10 или 11 месеци ќе има два пати локални во три општини. Мислам дека само правиме трошоци, не постигнуваме ништо и затоа го дадовме предлогот. Да беше за повеќе од половина мандат апсолутно треба да се гласа. Се работи за мал период да се избере нов граодначалник и потоа пак да се оди на редовни избори“, рече Таравари, кој воедно е и претседател на Алијанса за Албанците.

Проф. Давитковски: Правото на локалната самоуправа е уставно загарантирано право на граѓаните

Со овие констатации не се согласува професор доктор Борче Давитковски. Тој во интервју за ЦИВИЛ Медиа вели дека со верификација на пратеничките мандати престанува да важи друга функција.

 

 

„Ако ние имаме правна држава како што се залагаме, а немаме, со верификација на пратенички мандат на трите градоначалници на Сарај, Аеродром и Гостивар, истиот момент кога им се верификуваше мандатот требаше Советите да постават вршител на должност. Некои градоначалници продолжија да си бидат градоначалници како што е и примерот со техничкиот премиер каде што вели ја ставам во мирување функцијата пратеник и ќе бидам технички премиер, тоа е класично инкопатибилност. Една мораше да престане со верификација на мандатите, тоа е правна држава“, рече Давитковски.

Согласно Законот за локална самоуправа веднаш требаше да се стават вршители на должноста, и веднаш требаше да се распишат избори во овие три општини, вели професор Давитковски.

„Имаше предлог на група пратеници овој рок од шест месеци да биде најмалку две години значи на пола мандат некој градоначалник да може да оди на друга позиција, а еден од советниците да се стави в.д за градоначалник. Сега се поставува прашањето како се крши Уставот. Согласно член 114 – правото на локална самоуправа е на граѓаните, ако граѓаните се определиле за одредена личност после две години некој сега да каже „пу-пу“ тоа не важи затоа што ќе одам за министер, но еве некој од мојата политичка провиенција или некој советник што го гласаа тој ќе биде в.д! Каде се тука граѓаните? Тое е нивно право, тука се прекршува Уставот“.

Тој додава дека ќе има и ретроактивно дејство што би значело да се примени за идните состојби, а не веднаш да се реализира.

„Сега имаме ретроактивно дејство. Уставот забранува, но кажува ако е поповолно. За кого? За политичката партија? Да, поповолно е, ама за граѓаните не. Автоматски кој е да го даде на Уставен суд, автоматски ова решение ќе падне“, вели Давитковски.

За в сабота претседателот на Собранието, Африм Гаши ја има закажано седницата за избор на новата влада предводена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Покрај коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, владини партнери ќе бидат и коалицијата „ВЛЕН“ и партијата ЗНАМ. Во парламентот, оваа коалиција има мнозинство од 78 пратеници.

Н. Абдурахмани / Цивил Медиа 

Давитковски Мицкоски општини Таравари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.